Грожан се тврди дека удрил во заштитната ограда со 221 км. Потоа болидот веднаш се запали и среќа што преживеа во таа стравична несреќа.
Неколку секунди откако Французинот избега, болидот експлодира и целосно изгоре, а тој беше пренесен со хеликоптер во болница.
We are so thankful that Romain Grosjean was able to walk away from this. We did not need a reminder of the bravery and brilliance of our drivers, marshals, and medical teams, nor of the advances in safety in our sport, but we truly got one today#BahrainGP 🇧🇭 #F1 pic.twitter.com/z8OeTU5Nem
— Formula 1 (@F1) November 29, 2020
Замислете поминал само со изгореници на раце.
„Грожан е добро. Има мали изгореници на рацете и на зглобовите. Свесен е и му се прават дополнителни прегледи. Добро е што спасувачката екипа брзо реагираше. Редарите и ФИА одлично ја завршија работата. Беше страшно и добро е што заврши без посериозни последици“, изјави директорот на тимот на Хас, Гинтер Стејнер.
34 годишниот возач се јави од болница и рече дека да не бил 'хало' системот, една од најдобрите работи воведени во Ф1 овие години, веројатно немал сега да зборува на ова видео.
An update from Romain himself. Pleased to see you’re in good spirits! We hope you make a speedy recovery 🙏 pic.twitter.com/njnjjH4GBi
— Haas F1 Team (@HaasF1Team) November 29, 2020