Бисерот кој на 20 години ја однесе Унгарија на Европско и блеска во Лига на шампиони

Потенцијално една од најголемите ѕвезди на Европското првенство следната година ќе биде младиот Унгарец кој стои на прво место во тефтерите на Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Јувентус.

Во јануари 2020 година австрискиот шампион Салцбург остана без главните ѕвезди Ерлинг Холанд и Минамино кои отидоа во Дортмунд и Ливерпул. Во изменетиот Салцбург нова ѕвезда стана 20-годишниот плејмејкер Доминик Собослаи кои некое време беше во сенка на Холанд.

Денес Собослаи е најдобар стрелец и најдобар играч на Салцбург во Лига на шампиони, ѕвезда е во репрезентацијата на Унгарија, а неговите слободни удари потсеќаат на оние на Дејвид Бекам. 

ЦЕЛ ЖИВОТ ТРЕНИРА СО ТАТКО МУ КОЈ ОСНОВАЛ СВОЈА ФУДБАЛСКА ШКОЛА ПОРАДИ ДОМИНИК

Секешфехервар е град со околу 102.000 жители, на 58 километри од Будимпешта. Овој град е познат по големите заводи на Fiat и Ford како и по многу фабрики. Единствена спортска забава е фудбалскиот клуб Видеотон.

Во 1985-та Видеотон стигнал дури до финалето на Куп на УЕФА каде изгубиле од славниот Реал Мадрид. Поради овој меч во Унгарија почнал фудбалски бум.

Државата почнала да инвестира во фудбалска инфраструктруа во градот Секешфехервар кој заслужувал најголема академија во земјата. Звучи како класичен почеток на славна фудбалска кариера, но патот на Собослаи бил поинаков. 

Во 2003-та година татко му Жолта Собослаи бил отпуштен од академијата на Видеотон. Но тој не се предал и на едно место со запуштена спортска сала ја основал академијата Фоникс Голд. Малиот 3-годишен Доминик бил прв ученик таму.

На Жолта не му се допаѓала програмата на фудбалско воспитување во Видеотон и другите унгарски академии па својата школа ја адаптирал на иновации. Привремено викал тренери од Шпанија и Англија.

Приоритет била техниката и сфаќањето на играта. „Ние се трудиме играчите да научат техника. Нашата филозофија е проста - кога си технички добро поткован, многу полесно ќе играш фудбал“, рекол Жолта Собослаи.

Малиот Доминик постојано бил со топка во нозе дали на улица дали во академијата. За да го мотивира татко му постојано му смислувал тренинзи.

„Кога на детето ќе му стане досадно, јас барам од него барем уште една задача. Така и Доминик тренираше и вежбаше трпение. Кога го завршуваше тоа одевме заедно во пекара“.

„Татко ми беше клучен фактор во мојот развој. Не се забораваат тие саати и саати кои ги поминуваше со мене на тренинг. Мислам дека без семејството не би бил таму кај што сум“, вели денес најголемата ѕвезда на унгарскиот фудбал.

Интересно Доминик Собослаи бил најталентиран од сите и најдобар играч без протекција од татко му. Брзо се развил и го префрлиле во повозрасна група.

Во 2011 и 2013 младинските категории за кои играл Доминик биле на престижен турнир Cordial Cup на кој играле Баерн, Салцбург, Норич, Базел и многу др.

На 15 години Доминик дебитирал за младинците и веднаш станал лидер. Академијата Фоникс Голд профитирала од младата ѕвезда кои се појавил во неколку рекламни спотови за спонзорите. 

Брзиот развој на Собослаи не им се допаднал на сите подеднакво. Премиерот на Унгарија Виктор Орбан кој се родил во Секешфехервар изјавил дека најголемите таленти треба да играат во школата на Видеотон. Му било чудно што најголемиот талент во земјата игра во друг систем и тоа не било добра реклама за реформите во фудбалот.

Пикот на интересот за малиот Доминик бил на негови 15 години кога го барал холандски Ден Хаг а бил на проба и во Аталанта но трансферот го одложиле зошто се забранети трансфери на играчи помлади од 16 години.

Во еден момент се појавила и варијанта со Салцбург, па Австријците го викнале Собослаи да тренира со нивните младинци.

Доминик пола година патувал за тренинзи во Австрија, пет дена во неделата бил таму а за викенд дома. И дури во 2016-та кога наполнил 16 години договориле трансфер во Салцбург кој за него платил 500.000 евра.

БЕШЕ ВО СЕНКА НА ХОЛАНД И МИНАМИНО, А СЕЗОНАВА Е НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ НА САЛЦБУРГ

Во првата година во системот на австрискиот гигант Салцбург, Собослаи собирал искуство. Играл една сезона за младинците а потоа го пратиле на позајмица во Лиферинг (филијала на Салцбург од втора лига) каде Доминик бил најмлад од сите.

Во 2019-та се изборил за место во Салцбург.

За тоа време се здружил со Холанд со кого заедно снимале видеа за клупскиот Јутјуб канал.

Токму во сезоната 2019/2020 светот слушна за норвешкото чудо Ерлинг Холанд кој постигна хет-трик против Генк (6:2) во Лига на шампиони. На тој меч во ЛШ дебитираше Доминик.

„Мислам дека на него влијаеше периодот кога сите кои зборуваа за Салцбург, зборуваа исклучително за Холанд кој неверојатно се разви во краток период. Притоа Ерлинг во еден момент беше чекор зад Собослаи по талент, но потоа наеднаш се разви и Доминик испадна од екипата“, вели коментатор на австриската Бундеслига, Том Мидлер.

 

Минатата есен 2019, Доминик не беше главен играч во нападот на Салцбург како што е денес. Покрај Холанд играа Минамино и Хван. Еден од првите кои во таа бука околу Холанд спомна за скриениот талент на Собослаи, беше Јирген Клоп кој јавно го пофали Унгарецот. 

ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ТРЕНИРАЛ СО ТРЕНЕР НА ТРИКРАТНА ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА И МНОГУ НАПРЕДУВАЛ

Собослаи блесна во право светло во 2020-та. Многумина сметаат дека тоа е само поради заминувањето на Холанд и Минамино но причината не е само во тоа.

Пред почетокот на глобалната пандемија, австриската лига одигра само 4 кола па за време на долгата пауза Собослаи активно тренирал индивидуално со личен тренер. Го ангажирал Шејн Тусуп, маж и тренер на трикратната олимписка шампионка во пливање Катинка Хос. Тој му помогнал на Собослаи да ја подобри физичката форма и психологијата.

„Им помагам на спортистите да го достигнат максимумот. После мене стануваат воини кои од ништо не се плашат“, рекол тренерот Тусуп.

А спортскиот директор на Салцбург, Кристијан Фројнд рекол: „Неговата физичка форма стана многу многу подобра“. Тоа се гледале и по статистиката - до крајот од сезоната постигна 7 гола. „Порано мислев дека само талент е доволен за успех во професионален фудбал, ама сега сфаќам дека не е така“.

Есенва веќе стана најголема ѕвезда на Салцбург. Ја заврши минатата сезона со 9 гола и 10 асистенции и го доби признанието МВП на сезоната во Австрија како и место на кратката листа за награда Golden boy (Собослаи стана единствен играч кандидат за ова признание надвор од Топ5 лигите во Европа). 

НЕВЕРОЈАТНО ДОБРО ИЗВЕДУВА СЛОБОДНИ УДАРИ И ДРУГИ ПРЕКИНИ

Да се сфати позицијата на која игра Доминик било еднакво тешко како и да се разбере изговорот на неговото презиме (Szoboszlai).

Тој е креативен плејмејкер. Игра лево, десно и најчесто зад напаѓачите. Никогаш не е прикован за една позиција. Тој и самиот не знае да каже на што позиција игра на теренот.

Негови најдобри карактеристики се фантастичната прегледност, прецизните додавања во длабочина од тешки ситуации и слободните удари.

Од 18 години ги изведува сите слободни во Салцбург. Неговиот коефицент на реализација е 5,7% и е близу оние на Ериксен (7,8%) и Де Брујн (8,6%). Татко му еднаш раскажал дека уште од дете шутирал слбодони. „На тренинг можеше да изведе по 100 или 200 слободни удари“.

Само во 2020-та постигнал дури 6 гола од слободен што е рекорд во цела Европа. Најубав е оној против Турција во Лига на Нации од 33 метри!

Убав гол дал и во финалето на Купот на Австрија од остар агол:

 ГОЛОТ НА ДОМИНИК ЈА ОДНЕСЕ УНГАРИЈА НА ЕВРОПСКО (ВТОР ПАТ ЗА 44 ГОДИНИ)

Собослаи има 20 години но во неговата земја веќе го сметаат за легитимен наследник на Пушкаш. Златните времиња кога Унгарија била лидер во фудбалскиот свет поминале многу одамна, па Унгарците во меѓувреме се радуваа на по некој добар настап на Хусти и Џуџак.

Доминик Собослаи го викнале во сениорска репрезентација уште на 16 години кога бил на клупа за резерви против Андора и Русија. Дебитирал за Унгарија во март 2019-та година против Хрватска.

Во квалификациите за Европско веќе стана стандарден првотимец и најдобар унгарски играч.

Есента 2020 на Унгарија и претстоеа клучни средби за пласман на Евро2020. Тренерот на Салцбург Џеси Марш неочекувано решил да го одмори пред настапите за Унгарија.

„Вие мора да сфатите дека Собослаи е надеж на унгарскиот фудбал. Он е следниот Пушкаш. Ја разбирам одговорноста која ја носи во својата репрезентација. Не сите европски тренери ги уважуваат настапите за репрезентациите. Јас работев во селекцијата на САД и знам како играчите кои се горди ѕвезди настапуваат за својата земја. И затоа не го пуштам Домини секогаш 90 минути за Салцбург, го одморам“, вели Марш.

И не било случајно. На 13 ноември Унгарија се бореше со снажниот Исланд за пласман на Европско. Губеа Унгарците со 0-1 по грешка на голманот во судиско продолжение најпрво израмнија а потоа Собослаи направи чудо кога претрча пола терен, издрибла неколку ривали и постигна ефектен гол.

20-годишниот Доминик ја однесе Унгарија на Европско и „и ја подари“ најтешката група со Холандија, Франција и Германија.