Таг: доминик собослаи

Тркот на Собослаи од 200 метри напред назад

Доминик Собослаи го реши дербито Ливерпул - Арсенал со голчиште од слободен удар кое беше во фокусот. Но, аналитичарите во Премиер лигата забележаа и нешто друго, кое тешко се гледа во пренос. Унгарецот игра во среден ред, но погледнете го колку се жртвува за тимот на цел терен. Истрча од гол на гол во два правци, за прво да учествува во напад, а потоа да помогне назад. Цар.

Го видовте ли евроголот на колото кој го реши дербито во Премиер?

Шарени резултати имаше викендов во 3. коло од Премиер лигата. Тотенхем загуби дома од Борнмут, Манчестер Сити се посрамоти против Брајтон после водство од 0:1, а Манчестер Јунајтед се извади против Барнли во 97-ма минута. 83 минути беа потребни да видиме гол на дербито Ливерпул - Арсенал, кое го реши Доминик Собослаи со прекрасен слободен удар.

Бисерот кој на 20 години ја однесе Унгарија на Европско и блеска во Лига на шампиони

Потенцијално една од најголемите ѕвезди на Европското првенство следната година ќе биде младиот Унгарец кој стои на прво место во тефтерите на Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Јувентус.

А сувиот лист на 19 годишник од Салцбург?

Додека фокусот беше свртен во Мадрид, каде Шахтјор имаше на полувреме сензационални 0:3, синоќа возбудливо беше и во Австрија. Домаќините на крај на прво изведоа корнер и го бараа по земја извезен Доминик Собослаи кој се претвори во Жунињо.