Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу настапи за Фехервар во унгарскиот шампионат, ама со учкур на шорцевите за разлика од неговиот соиграч, кој толку беше упорен што до шанса за гол стаса. Циркуз.
Потенцијално една од најголемите ѕвезди на Европското првенство следната година ќе биде младиот Унгарец кој стои на прво место во тефтерите на Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Јувентус.
Се викаат Гергел Бобал и Давид Бобал. Играат за унгарскиот клуб Залаегерцег. На мечот против Пушкаш Академија првиот даде гол во 47', а вториот влезе во игра во 81' и ги постави конечните 2-0 во 86'.