Се викаат Гергел Бобал и Давид Бобал. Играат за унгарскиот клуб Залаегерцег. На мечот против Пушкаш Академија првиот даде гол во 47', а вториот влезе во игра во 81' и ги постави конечните 2-0 во 86'.
После мечот дадоа интервју и тогаш можеше да се примети дека многу е тешко да се познае кој е кој. Комотно би можеле да си менуваат дресови без никој да воочи.