Ново ремек дело на медиа-тимот на Ајакс Амстердам

Вечерва во Лига на шампиони на „Енфилд Роуд“ ќе играат Ливерпул и Ајакс во меч кој може да биде клучен и за двата тима за пласманот во нокаут фаза. Ливерпул има 9 бода и е прв, а Ајакс и Аталанта имаат по 7 бода што значи дека сите варијанти се отворени.

За овој клучен дуел луѓето од арт-тимот на Ајакс направија видео со компарација со највредниот музеј со најдрагоцени уметнички дела во Амстердам.

Во видеото покрај инсерти од Државниот музеј во Амстердам (Rijksmuseum) каде се најпознатите дела на Рембранд, Вермер и други, има и исечоци од коментар на фамозниот „магла меч“ против Ливерпул во 1966-та кога Ајакс ги прегазил црвените со 5-1. Нунинга дал 2 гола а Кројф 1 на тој дуел.

 

1 декември 2020 - 11:22