Offside

Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула во Пекинг откако Австралиецот Алекс де Минор му го предаде мечот на старт на вториот сет. Ѓоковиќ го доби првиот сет 7-6 во тајбрејк.

Фрлената капитенска лента на Роналдо на аукција за спас на малиот Гаврило

На уште незавршен меч Србија - Португалија, капитенот и легенда на гостите, Кристијано Роналдо бесно креваше раце, тргна да си оди кон соблекувалната и наеднаш ја фрли капитенската лента на земја.

На тренингот на Данска падна чудо од гол

Одбраната на голманот на Данска сакаше наеднаш да се претвори во асистенција за Томас Дилејни од Борусија кој го изведе еден од најретките ударци во фудбалот познат под името „Шкорпион“. Рене Игита на рипит го гледа голчиштево.

23 години од лобот на Тоти со Буфон

Каква носталгија враќаат овие моменти. Пред 23 години во еден од бесконечните дуели меѓу двајцата стари другари, Франческо го матира Џиџи со маестрален лоб, негов препознатлив потег во кариерата. Буфон овде брани за Парма.

Смешна реакција на францускиот селектор во Нур Султан

Со гол на Осман Дембеле и автогол на Серхеј Малји, Франција го совлада Казахстан на гости со 0-2 и се извади по киксот 1:1 со Украина. На прес после мечот казахстански новинар го праша Дешам прашање со кое француските новинари го дават со години.

Мексиканска женска мајсторија од 35 метри

Се вика Габриел Алварез, ја оставија речиси сама со само една фудбалерка на жив ѕид и многу ја потценија.

А зошто нема ВАР ни гол-линија технологија во квалификации за Светско?

Во актуелниве квалификации за Светско првенство 2022 уште еднаш се докажа дека ВАР е многу потребен секогаш и секаде. Се случија две големи судиски грешки кои директно влијаеа на крајниот исход.

Го знаете ли вие Франческо Тоти од Шкупи?

Или па сега најново Александар Митровиќ? Не другари, тоа е Зоте наш, 12 кратниот првак во футсал кој како старее “будалее“ во сала и не знае да постигне нормален гол. Годините му се само бројка.

Врвна заебанција за петардата против Бугарија

Сениорите во квалификации за Светско го тепаа Лихтенштајн 5:0, па следниот ден на турнир во Анталија се отворија и младите до 21 година и ги потепаа Бугарите со 5:1. Ама тоа ти е соседско дерби, кое му дава на човек инспирација да си поигра на Фејсбук и за осетливи теми.

И Бугарите попија петарда, во соблекувална ечи „Бисер Балкански“

24 часа по демолирањето на Лихтенштајн, Македонија наполни уште една селекција со 5 комада, а овој пат протагонисти беа младите до 21 година кои на турнир во Анталија и направија потот на Бугарија У-21 со 5:1. Стрелци: Марио Илиевски, Томче Гроздановски, Методи Максимов два гола и автогол на Мартин Дичев. Момците на Благоја Милевски удрија славенички на песна.

Респект за парадава на голманот на Сан Марино

Селекцијата која е на последното 210-то место на ранг листата на ФИФА загуби дома 0:3 од Унгарија во квалификациите за Светско, ама има голман кој синоќа ја направи одбраната број 1 на вечерта. Се вика Елиа Бенедетини и брани за третолигашот Чезена. Секоја чест за парадава.

Не е лесно да си фудбалер во Македонија

Плус и нинџа ако имаш тренирано...Хаос е клипов.

Холандија ја гледаа 5.000 гледачи како експеримент пред Европското

Со подробни анализи и тестови, холандската кралска фудбалска федерација прави експерименти и враќа публика на стадионите, со цел да го врати нормалниот живот.

Махер на годината на кој му следува телевизор во боја

Што се смеете? Ај да ве видам да ги промашите сите на тикет. Пардон на четири тикети и тоа во еден ден.

Заглави во Мајорка на клупа, ама растура за Македонија

Да се вратиме на убавите работи поврзани за македонската фудбалска репрезентација која синоќа го доби вториот најдобар стрелец во историјата, а тоа е Александар Трајковски кој исто така ги славеше головите пред камера ама покажувајќи срце.

Несторовски е суспендиран за мечот со Германија

Македонскиот селектор Игор Ангеловски одлучи да го казни Илија Несторовски за неадекватната прослава после постигнувањето на голот против Лихтенштајн.

Добар твит за испадот на Нестор

Илија Несторовски ја утна со прославата на голот и свесно пцуеше во камера по што уште повеќе го навлече гневот на јавноста која го критикуваше за утките против Романија. Тој тврди дека навредата била упатена кон тројца, ама па сега што е со втората пцовка и кои се клошарите?

Што е сега, малце ви беше 5:0?

Ама сега и вие сте ненаситни. Петарда пукате, секој втор напад гол ви беше во второ, па уште се загревате за трето полувреме. Ајде дома да одморите за Германија, завршена е оваа.

Гол шоу на Градски, Македонија го потопи Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација ги освои планираните 3 бода против аутсајдерот во групата кој немаше што да бара на гостувањето во Скопје. Добра партија на Трајковски кој за три минути даде два гола. Паненка на Нестор.

Нова мангупска асистенција на Златан

Втор настап на Ибрахимовиќ по кам бекот за репрезентација по пет години и повторно асистенција со стил, овој пат до Аугустинсон за водство на Шведска против Косово од 0:1.

Мајсторски слободен удар на Барди за водство на Македонија

Само 7 минути игра и беше потребно на македонската фудбалска репрезентација за да го отвори резултатот против аутсајдерот Лихтенштајн. Сите мислеа дека Барди ќе нафрла, а Енис биеше директно во гол и го фати неспремен голманот на гостите.

Твит на денот за реакцијата на Роналдо

Србија и Португалија одиграа супер натпревар со 4 гола во квалификациите за Светско првенство. Во последните секунди од мечот Кристијано Роналдо постигна чист гол, ама линискиот и главниот судија проценија дека капитенот на Србите Стефан Митровиќ навремено ја исфрлил топката во аут. Роналдо нервозно тргна да го напушта теренот, пцуеше и ја фрли капитенската лента на земја.

Дизајнерски изум на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија на својата Фејсбук страница се пофали со новиот брендиран автобус кој ќе ја превезува репрзентацијата. На автобусот го има слоганот „Сега е наше време“, а има и лого на рис кој веќе го има на друго место, речиси идентичен, така што оддава впечаток дека идејата е неетички преземена.

Кога Барди, Пандев и Трајковски им ја сокрија топката на Лихтенштајн

Вечерашниот противник во второто квалификациско коло за Мундијалот во Катар ни е редовен пациент, а последен пат игравме против нив во групната фаза од Лига нации. На Градски славевме 4:1, а најубавиот момент на мечот беше оваа акцииште преку кое го отворивме резултатот.

Тежок судиски гаф во Белград

Голема судиска неправда и се случи вечерва на Португалија во второто квалификациско коло за СП 2022. Водеа 0:2, па Србија стигна до израмнување, а на Роналдо во 93-та не му признаа чист гол. Проблем плус е што во квалификации нема ни ВАР ни гол технологија, инаку глатко ќе се решеше ситуацијава.