Македонска монти пајтон атлетика

Добивме писмо на читател со два видео докази, за атлетичар на кој тврди дека му била дадена предност на стартот на трката на 200 метри.

Видеото во прилог е од сениорско национално првенство, кое се одржало на градскиот стадион во Скопје. Како што тврди нашиот извор, главниот судија судија - Михајло Здравковски е од ист клуб (АК Работнички) како и атлетичарот кој тргнува една секунда побрзо од останатите, но, вели читателот „поради меѓусебен интерес за остварување норма и стипендија не е дисквалификуван“.

И покрај забелешките и видео доказ, резултатот на атлетичарот не бил поништен, во продолжение резултати од натпреварот на 200 метри, атлетичарот е второпласиран во официјалните резултати.

Стартот на трката

Во забавена снимка

9 јуни 2021 - 12:11