26-те јунаци придружувани од селекторот и стручниот штаб, пиц пец дотерани како матуранти отпатуваа на јубилејното Европско првенство кое одбележува 60 годишнина и за прв пат ќе се игра во 12 држави.
Она што е најважно е што сите биле негативни на тестирањето за Ковид пред тргање, ситуација на која човек не може да остане рамнодушен после она што му се случуваше на на Барди кој конечно им се приклучи.
Пред испраќање, среќа им посака и првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини, кој до сега немаше таква навика, а со тимот патува и повредениот Илија Несторовски.
Само храбро момци.
Тргна Автобусот, вода потурено, сега сѐ што преостанува е да речеме Среќно Момци! 💪🇲🇰 pic.twitter.com/ULj6vq0aYg
— 𝙎𝙥𝙤𝙧𝙩 𝙇𝙞𝙛𝙚 (@SportLifeBet) June 8, 2021