Дражен Петровиќ се родил на 22 октомври 1964. година во Шибеник каде на 13 години ја почнува својата сјајна кошаркарска авантура. Веќе на свои 15 години дебитира за сениорскиот тим на КК Шибенка.
Од 1984-та година играше за Цибона со која освои две грандиозни титули европски шампион, а четири години подоцна се сели во Реал Мадрид. По серијата освоени трофеи со „кралскиот клуб“ Дражен Петровиќ оди да се проба во најдобрата лига на светот - НБА.
Преку океанот потпишува договор прво со Портланд а потоа и со Њу Џерси. Во дресот на Нетс ги игра најдобрите натпревари во НБА и се издвојува во еден од подобрите шутери во лигата.
Клубот Њу Џерси го повлече од употреба неговиот дрес со број 3.
Беше капитен на репрезентацијата на Хрватска која одигра сјајна кошарка на Олимписките Игри во Барселона 1992. година кога освои сребро по финалето со дрим-тимот на САД со Џордан и Пипен. После 10 години влезе во Куќата на славните во Спрингфилд.
Со репрезентацијата на Југославија освои олимписко злато во Сеул 1988 и бронза во Лос Анџелес 1984-та.
Последниот меч во животот Дражен Петровиќ го одигра на 5 јуни 1993. година во полскиот град Вроцлав против Словенија во квалификациски турнир за ЕП. Хрватска од Полска се враќала со авион а Драажен од Франкуфт до Минхен тргнал со автомобил со девојка му Клара Шалантци и нејзина пријателка, турската кошаркарка Хилал Едебал. Клара управувала со возилото Голф кога се случил сударот во кој настрадал заспатниот Дражен Петровиќ како совозач. Клара и Хилал преживеале.