Offside

Додека во САД се игра Светско, македонскиот спорт влегува во историски момент. Лина Ѓорческа се избори за плсман на Вимблдон, турнир кој се смета за неофицијално светско тениско првенство во Лондон.

Преварантот кој лажел дека игра за ПСЖ и крадел статистика од Ањелка

Има една епска приказна од 90-те за Сенегалецот Али Диа кој ја измами Премиер лигата дека е фудбалер. Оваа е слична, ама барем овој е фудбалер од аматерски категории кој се обидел да се збогати, но клизнал во Бугарија.

Јако видео на Комити од спектаклот на Градски

Комити успеаа и на некој начин испишаа историја за македонскиот фудбал, бидејќи никој никогаш претходно во нашата лига не продал преку 30.000 билети, па уште и за меч кој не може да се следи од трибини.

И пеналите не се веќе тоа што беа

Прво зема залет од дома, па подзастанува, па подскокнува како кенгур и на крај ја шутира во него. Бадијала целото пренамагање и изводење.

Да се посмееме со нови предлози од Шек

Новото издание на „Шектин а Фул“ носи четири најсмешни моменти на неделата во НБА. На листата Шекил ги издвоил Расел Вестбрук, ѕвездата на Визардс, Паскал од Вориорс, Кузма од Лејкерс и Диало од Оклахома.

Школски волеј на вечерта во Премиер

По два порази во низа, Кристал Палас освои 3 огромни бода на гостувањето кај Брајтон и е на 10 поени од опасната зона која води во втора лига. Кристијан Бентеке дури во 90+5' минута им донесе победа со апсолутен, школски волеј.

Го имаме и фудбалскиот лудак на годината

Трета лига во Гватемала. На дечкото уште не му се знае име и презиме, ама можда е и подобро да не му се знае. Ваква будалаштина не се видела. Фрла некој од публика ситен предмет (најверојатно упаљач). Мајсторов ладно доаѓа, се удира со предметот во глава и почнува да глуми дека е погоден од трибината.

Македонија без сила за подвиг, Естонија оди на Евро 2022

Македонската кошаркарска репрезентација со кош во последна секунда успеа да ја совлада Естонија 86:84, но недоволно за да ги надомести оние -9 колку што изгубивме лани во Скопје, така што Естонците ќе патуваат на континенталниот собир.

Ремет на работа после загубено градско дерби

Тешко е кога ќе загубиш градско дерби 3:0, па уште и во битка за прво место, а остај тоа него ни во понеделник не можеш да кренеш глава од поразот.

Патиките кои Коби му ги дал на младиот Леброн Џејмс на времето одат на аукција

Пар патики кои трагично загинатата суперѕвезда Брајант во 2002-ра му ги дал на тогаш младиот талент од едно средно школо во Охајо, се очекува да достигнат огромна цена на аукција.

Поддржи го ОФК Малеш со полусезонски билет од 300 денари

По теркот на ФК Вардар и во Берово се појави слична акција за помош во овие тешки времиња, со тоа што во случајов самиот клуб ги повика навивачите да помогнат за да им се подобри финансиската состојба.

Кога Шпанците се држеа за глава за потегот на Нено против Барса

Феноменалната партија на Димитријевиќ против Италија не треба да претставува изненадување, затоа што Македонија во ова дете доби плејмејкер со голем квалитет и потенцијал кој има високи цели. Вртоглавица имаа Каталонците кога им ја направи финтата на влез.

Навивач во Бразил платил милиони за позајмен играч да игра решавачки меч

На интригите во фудбалското првенство на Бразил би можеле да позавидат многу европски лиги. На 2 кола пред крајот, во борба за титулата се Интернасионал и Фламенго кои играа минатиот викенд.

Полски коментатор пробува да изговори белгиско презиме

Се вика Вилијам, се презива Баликвиша. Значи William Balikwisha. Роден е во Белгија, а има потекло од Конго. Навидум едноставно звучи, но не и за коментаторов кој завергла во место.

Претседателе, кучето ти е на сред терен, прибери го

После 21 одиграно коло во Швајцарија, Цирих е трет со 3 бода зад вториот Базел. Викендов ремизираа со Сион 1-1, а дуелот накратко го прекина домашниот миленик швајцарски овчар на претседателот на Цирих Ансило Канепа, кој морал да се симнува од ложа да го враќа.

Ја префрли преку стадион

Ај да е трета - четврта шкотска лига ќе разбереме некако, ама фудбалер на Селтик вака аматерски да ја заврши сам пред гол? Му го дупна тапанчето на стариот.

Лудачки гол во Белгија со откачена прослава

Запознајте го Јан Ван Дер Бег од Бершот кој викендов славеше на гости против Генк со 1:2. Дечкото го отвори резултатот на многу откачен начин.

Што се случува кога на судија му се игра бек во одбрана?

Во дербито на мексиканската лига, Круз Азул со 3-2 ја победи Толука, ама овој меч ќе се памти по моментот кога судијата Оскар Марсијас се испрчи пред фудбалер на Круз Азул кој шутираше во празен гол.

Неарните паради на Самир Хандановиќ, топ не го биеше

Лаутаро Гонзалес даде два гола и можеби беше најблиску да признанието играч на мечот против Милан (0:3), ама дефинитивно најзаслужен за триумфот на Интер беше голманот Хандановиќ кој буквално ко магнет да имаше на ракавици.

Акцијата на тацна за вториот гол на Интер во дербито

Фудбалерите на Интер со 0-3 го совладаа Милан и сега имаат 4 бода предност на 1. место во Серија А пред градскиот ривал. Лаутаро 2 и Лукаку 1 беа стрелци на головите. Аргентинецот зголеми на 2-0 откако на тацна му наместија гол по сјајна акција.

Лудата тројка на Нено од пола терен и цепелинот на Бајли

Македонската кошаркарска репрезентација направи сензационален пресврт против Италија и ја совлада со 87:78 со што остана во игра за пласман на ЕП. Ги издвојуваме тројката на Ненад Димитријевиќ и цепелинот до Американецот Бајли. Браво момци.

Новак Ѓоковиќ е суверен владетел на Австралија Опен

Најдобриот светски тенисер и број 1 на АТП ранг листата, го совлада четвртиот носител Данил Медведев со 3:0 (7:5, 6:2 и 6:2 во сетови) и по деветти пат во кариерата стана шампион на Австралија Опен.

Знае ли Халанд за нормален гол?

Само три дена откако сам ја реши Севиља на гости во Лига на шампиони, Ерлинг Халанд денес беше главен творец на триумфот на Дортмунд над давеникот Шалке со 0-4. Норвежанецот постигна фантастичен гол.

Монструозно забивање на Ентони Едвардс

Младиот кошаркар на Минесота, Ентони Едвардс кој беше избран за прв пик на драфтот, има нешто да ви покаже. Инаку има само 19 години. Жртва е Торонто.

Фудбал се игра со мозок, не на сила

Не е финта да промашиш топка. Не е финта да промашиш човек. Финта е да ги промашиш и двете.