Олимписките игри во Токио кои завршија овој месец, за Македонија ќе останат историски, бидејќи Дејан Георгиевски во теквондо стигна до сензационален сребрен медал.
Но во македонската експедиција на најголемиот спортски настан во светот, немавме само спортисти. Таму беше и нашата славна судиска двојка Ѓорги Начевски и Славе Николов.
Тие го судеа ракометното финале Франција – Данска, а на средната сервисна линија на тениското финале помеѓу Зверев и Качанов меѓу судиите беше и Анета Павловска.
Млада битолчанка која почнала како играч, па тренер, а денес е судија и тоа на Грен слем турнири како Ролан Гарос и Вимблдон.
Анета е дел од светскиот тениски крем и со 90 турнири годишно, само 2-3 месеци во годината се врти во Битола. Им судела на Ѓоковиќ, Федерер и Надал, а сон и се да стигне до УС Опен и Австралија Опен.
Погледнете го нејзиното интервју за Дојче Веле на македонски.