Во Белгија неодамна е донесен интересен закон кој би требало да помогне помалку да се расправаат замерени комшии, особено во ситуации кога во дворот кај некој од нив ќе летне топка од овој другиот.
Од 1 септември секој жител во Белгија ќе има право да си ја земе топката или случајно ако домашното животно отиде во соседниот двор, да го врати назад.
Гардијан го пренесува професорот Винсент Сагарт кој помогнал во составување на овој необичен нов закон:
„Од 1 септември секој сосед е должен да ја враќа топката која влегла во негов двор. Но во истовреме законот предвидува дека комшијата може да забрани пристап до својот двор. Од 1 септември имате право да одите по топката или по домашното животно само ако они се најдат таму случајно. Забрането е само едноставно да ја фрлите топката преку ограда намерно за да видите што има внатре.
Секако, вие треба да се раководите од здрава смисла. Прво ќе заѕвоните кај соседот и ќе го побарате. Но ако он одбие или не е дома, вие комотно може да влезете во двор за брзо да си го вратите назад своето. Но само ако таму се најде топка или домашно животно а не други предмети зошто тоа е веќе кражба“.
Во Белгија се плашат дека овој закон може да испровоцира избивање на инциденти и кавги на приватни имоти, но белгискиот судија Ерик Дирикс уверува дека сè е под контрола.
„Луѓето не може просто да влезат во нечиј двор, а работата на полицијата и службие ќе биде да го држат тоа за око. Злоупотребата ќе се казнува. Мора да бидеме внимателни во поглед на доверливоста.
Законот и натаму ќе се менува. На пример луѓето ќе имаат право да одат по приватен имот, но секако само под услов да не е загрозен“.
Видете уште и: