Во 1910 еден неуспешен законски предлог требало да ја зголеми достапноста на евтино месо преку увоз на нилски коњи. Од оваа „езерска крава“, како што ја нарекол Њујорк Тајмс, би биле правени вкусни колбавчиња и сланинче.
Предложени законски измени предвидуваат владините документи да бидат јасни и концизни. Опозицијата вели дека нивната контрола и прилагодување ќе додадат на бирократијата.
Со една рака куцкаш по тастатура со друга кршиш ѓеврек и мацаш во јогурт. Во Франција ова е забрането и за кроасан, и за ѓеврек и за што и да е, и тоа со закон.
За време на трите строги карантини во Франција, владата ги поддржа малите книжарници со тоа што им ги надомести трошоците за транспорт за онлајн нарачки и на тој начин спаси од пропаѓање 70% од нив. Но сега ќе оди и чекор понатаму.
Многумина од вас ќе се сетат како во детството топката им летнала во двор кај лутиот комшија кој неколку пати бесно вика дека ќе ја распара ако ја начека. А вие играте „кој даде гол победник“ и се решава мечот кој трае со саати.
„Дозволени“ и пожелни се за лингвистички проучувања, за хумор и сатира. Но како што и кај нас „зачислува“ тешко би можело да се пробие како замена за „инклузивност“, и во француските интелектуални кругови не сакаат такви кои не зборуваат литерàтурно.
Германски психолог од крајот на 19 век тврдел дека постојат генерални и специјални сетила. Во првите ги сместувал перцепцијата на просторот и времето, во вторите видот и слухот. Според него е наречен закон кој открива интересен аспект на нашиот внатрешен часовник.
Помеѓу блиски пријатели некои работи би требало да се подразбираат. Но во дигитално доба нашата грижа за нивната приватност треба да е уште понагласена. Некои велат дури и законски регулирана.
Министерот за правда на Ципрас, Михалис Калогиру, во грчкиот парламент поднесе предлог закон со кој се олабавуваат казните за силување и што сè се смета за силување според грчките закони.
Ај што се приморани да се маскираат за рамноправно да гледаат фудбал, туку две помлади жени биле дури и уапсени во градот Ишфахан (централен Иран) во петокот на 27 април и ќе сносат одговорност според иранскиот закон.
Со почнувањето на 2018 е ставен крај на контроверзниот и ретко употребуван закон што потекнува од крајот на Втората светска војна според кој навредата на странски лидер претставува кривично дело.
Пред една година Врховниот суд на Индија донесе одлука дека националната химна мора да биде изведувана во секоја кино сала пред прикажување на филмовите, а дека публиката мора да стои на нога. Сега филмски љубители од еден мал град во земјата се обидува да пружи отпор.
Една оксфордска запирка, пред или после некој збор, значи многу кога е во прашање законот. Вака внимателно да беше пишуван уставот на РМ, каде ќе ни беше крајот?
Владеачката Народна партија на премиерот Мариано Рахој се обидува да протне закон со кој ќе се забранат интернет мемињата. Се разбира, ваквиот предлог наиде на канонада мемиња.
Измена во закон од 2013 во Романија им овозможува на осудениците да скратат 30 денови од нивната затворска казна за секое дело кое ќе го напишат и објават. Романските тајкуни и политичари затворени за корпуција сега се фатија за пенкалата.
Употребувате србизми, турцизми и други заемки? Еве еден хрватски предлог-закон од 1995. за ваквите случаи на „несоодветна употреба на хрватскиот јазик". На чист македонски би искоментирале: у реду е.