Владиниот предлог е ставен пред Конгресот и со него би се вовеле рестрикции за "ширење слики кои ја повредуваат честа на личноста."
Владеачката партија овој амандман сака да го додаде на системскиот закон за безбедност кој беше изгласан во 2015 година а со кој се воведоа лимити во јавните протестирања, коментарите по социјалните медиуми и се зајакнаа санкциите за непочитување на полицијата.
Ако не создадат некоја поширока коалиција, предлогот тешко да пројде со оглед на тоа што владеачката партија има само 137 од 350-те места во Конгресот.
Реакциите на интернетот беа очекувани: