Во Лига Купот на Англија каде редовно некој премиерлигаш клизнува против екипа од понискиот ранг, за сега нема изненадувања.
Во второто коло Бароу беше декласиран од Астон Вила која замина дома со триумф од 0:6, сосема адекватен резултат за дуел меѓу четврто и прволигаш.
Освен голеада, мечот донесе уште неколку интересни моменти за одбележување, па денеска е забавно меѓу навивачите на Вила на социјалните мрежи.
Прецизниот удар на еден од домашните играчи со примеси на ризик некој да не настрада.
Спремен навивач на Бароу кој реагираше на трибини како стопер.
И не баш сигурната паненка на Ел Гази која едвај поминува и против нисколигаши.