Offside

И покрај бледата игра и дебаклот од Швајцарија, селекцијата на БиХ се крена, го победи Катар со 3:1 за прва победа на СП и како третопласирана селекција за прв пат оди во следна фаза. Швајцарија e прва откако ја доби Канада со 2:1. Канаѓаните се втори со 4 бода, поради подобрата гол разлика од Босанците. Катар ги пакува куферите.

Прилепска фудбалска расправија

По лакрдијата во бугарскиот фудбал каде судијата кидна од страв, одиме со нова епизода од селскиот фудбал, ама од кај нас. За луѓе кои не ги разбираат баш добро македонските дијалекти, добро би легнал и титл на видеово.

Јаки парови во Лига Европа, Ристовски и Адеми против интересен противник

По сјајната ждрепка за Лига на шампиони, попладнево во европската куќа на фудбалот во Нион се извлече и ждрепка за четвртфинале на Лига Европа. Се паднаа некои фантастични парови.

Пеколна ждрепка во ЛШ: Баерн vs ПСЖ, Реал vs Ливерпул

Битката во најелитното клупско европско натпреварување допрва ќе станува интересна. Во четвртфинале ќе гледаме реприза на финалињата од 2018-та и 2020-та.

Пиоли е скаран со културата или јазикот?

Стефано Пиоли синоќа или многу го здоболе поразот, па не додржа спортски да се ракува со Солскјер кој во моментот на поздравување му рекол “good team”, или па дупе е со англискиот, па ништо не го разбрал и непотребно го извреѓал.

Хероите на Динамо излегоа пред стадион на славје со навивачите

По сензацијата во осминафиналето од ЛЕ во која од првата минута учествуваа двајца македонски репрезентативци, во Загреб беше лудница. Славјето почна на Максимир каде фудбалерите се појавија пред навивачите по што настана делириум.

Фантазија од лоб во Мексико

Дуелот Пачука - Тигрес УАНЛ во мексиканската МХ лига го реши Роберто де ла Роса во 82' минута. Таков њух за топка и осет за лоб ретко се гледа.

Инста стори на колото

Џо Харт, некогашниот англиски репрезентативен голман, сега е резерва во Тотенхем. Или он или тој што му го води Инстаграм акаунтот изгледа заборавил дека вкупен резултат се смета од двомеч, па синоќа и покрај поразот 3:0 од Динамо, Харт објави стори со крајниот резултат и опис: Job done! (Средена работа).

Нов јак потег на Нено кој ја изработи цела одбрана

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 7 коша за Хувентуд на гостувањето против Естудијантес, а во еден момент се претвори во Лука Дончиќ под кош. Коментаторот се воодушени.

Милан и Манчестер се загреваа со фолк хитот на Златан

Гаси нетот, „Јутро је“ од Нада Топчагиќ синоќа грмеше на Сан Сиро и тоа пред мечот Милан - Манчестер Јунајтед 0:1. Во 122 години историја на Милан, не веруваме дека друг Балканец успеал да издејствувал вакво нешто. Не бе, не е нормален.

Мурињо влета со аплаузи во соблекувалната на Динамо

Каков мангуп и господин човек е Жозе. Тој веројатно беше убеден дека вечерва ќе им честита на своите играчи пласман во четвртфинале во Лига Европа, ама се случи пресврт и тоа им го направи на Рики, Адеми и останатите херои на Динамо кои го елиминираа англискиот гигант. Друг не го прави ова.

Зошто Мурињо ќе го сонува Доминик Ливаковиќ

Хрватскиот фудбалски хегемон Динамо Загреб отсекогаш имал добри голмани, ама скоро никој не оставил толку длабок траг како 25-годишниот репрезентативец Ливаковиќ.

Невозможниот гол кој го најави чудото во Загреб

Тотнем Хотспур од северен Лондон важи за еден од најбогатите клубови на светот. Има ултра-модерен стадион за 62.000 гледачи, има суперѕвезди како Хари Кејн, Герет Бејл, Сон и Иго Лорис, ама тоа ништо не играше улога против срчаниот Динамо Загреб и Милсав Оршиќ кој со 3 гола ги исфрли од Лига Европа.

Првокласна сензација на Ристовски и Адеми со Динамо, урнат Тотенхем после 0-2

Жозе Мурињо речиси и да не памти каде добил ваков фудбалски шамар како вечерва на „Максимир“. Дојдоа Спарси со позитива од 2 гола по триумфот во Лондон, ама Динамо покажа страшна психолошка и физичка снага и го нокаутираше големиот ривал за пласман во историско четвртфинале!

Како Каниџа го издриблал Вујадин Бошков кога заглавил со Михајловиќ во град

Сторијата ја раскажува Синиша, а кога од другата страна го имаш легендарниот српски стратег, приказната одма има поголем шмек.

Добар голман е пола екипа

Под водство на новиот тренер Маурисио Почетино ПСЖ продолжува борба за трофеј на сите фронтови. Ја елиминираа Барселона од Лига на шампиони, а го исфрлија и лидерот во Лига 1, Лил од Купот на Франција. Најзаслужни за тоа се Мбапе и голманот Навас. Костариканецот брани како во втора младост.

ЕХФ потсети на епскиот гол на Чупиќ за Вардар

Без разлика што се поминати четири години, кога ЕХФ треба да објави историско видео парче од својата архива, не го заборава историскиот успех за македонскиот ракомет. Каков момент беше ова. Скопје експлодираше од возбуда.

Сакал да биде пилот, на 25 години завршил кариера и стана светски тренер со ПСЖ и Челси

Германската девиза дека рецепт за успех е талент 10% а 90% макотрпна работа и труд, најдобро може да се види преку примерот на човекот кој со голем успех ги тренираше Мајнц, Борусија Дортмунд и ПСЖ а сега руши рекорди со Челси.

Ах како нема видео од случкава

Стојанче друже јасно ни е дека пред 40 години не постоеле мобилни телефони, ама барем да раскажеше некој детаљ ако знаеш. На пример, како го бркале, со трчање, кола или на коњ? Како и да е прејака случка.

Резерви се тие друже, не играат

Сакраменто има предност против Вашингтон од 121:119. Остануваат само 7 стотинки во кои Визардс со тројка може да победи. Ќе им стаса времето, затоа што еднаш Хаким Олајџивон за 4 стотинки успеа да реализира. Него друг е проблемот тука.

Лука броеше до 42 коша и си ги играше како сака

Со тројки од тешки позиции, со влезови под кош, лажни очи, разни финти. На репертоарот на Лука Дончиќ синоќа имаше сè и сешто, а неговата блескава партија по кој знае кој пат сезонава, придонесе неговиот тим да победи со 16 разлика.

Преведувач доби жолт картон што превел што рекол тренерот

Анге Постекоглу е грчки тренер роден во Атина кој цел живот играл и работел во Австралија уште од 1978-ма година. Беше и селектор на оваа земја која ја водеше на Светско првенство. Сега е тренер во јапонска Јокохама Маринос каде преведувачот го окрка стапот откако на судијата му превел нешто што рекол тренерот Постекоглу.

Што славје ќе беше ова на Стемфорд Бриџ

Голем триумф на Челси против Атлетико Мадрид од 2-0 и пласман во четвртфинале на Лига на шампиони. На трибини Тиаго Силва, Жоржињо и Мејсон Маунт, секој од разна причина отсутен. Дава во 90+4' минута левиот бек Емерсон гол за триумф и тројцава полудуваат од радост.

Баерн рутински со Лацио, Челси го елиминира Атлетико Мадрид

Вечерва актуелниот европски првак Баерн Минхен и англиски Челси станаа уште два патници во четвртфиналето на Лига на шампиони откако и во реванш дуелите ги совладаа Лацио и Атлетико Мадрид.

Дали е Атлетико оштетен за чист пенал со Челси?

Многу спорна одлука се случи на реванш мечот меѓу Челси и Атлетико Мадрид од 1/8 финале на ЛШ. На првиот дуел Челси славеше 0-1 на неутрален терен во Букурешт, а на реваншот во Лондон Атлетико уште во 27' минута можеше да добие пенал и евентуално да ја надомести негативата.