Спартак Трнава славеше убедливо со 0:3 на гостувањето против Дунајска Стреда, а Ристовски се истакна со два погодоци во 42-ра и 66-та минута.
23 годишниот македонски репрезентативец сега има 5 гола на 9 настапи во словачкиот шампионат и се наоѓа на лидерската позиција на листата на стрелци, заедно со уште двајца фудбалери.
Трнава бележи трета победа во низа и со скор од 6 триумфи, 2 нерешени и 1 пораз ја дели челната позиција со Слован Братислава, со кои имаат по 20 бодови.
Радува формата на Милан Ристовски во пресрет на квалификациите на Македонија, прво на гости против Лихтенштајн на 8 октомври, а потоа дома против Германија на 11-ти.