Таг: спартак трнава

Убав гол на Ристовски во пресрет на Украина

Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски го постигна првиот гол сезонава, во вистинско време. Спартак Трнава славепе 1:2 над Банска Бистрица, а Ристовски го постигна вториот гол за својот тим, а воедно и прв сезонава откако одлично се ослободи од својот чувар.

Го имаме ли голот број 1 во Конференциска лига?

Се комплетираше третото квалификациско коло во европските натпреварувања по кое следува уште плејоф, каде ја имаме Струга. Спартак Трнава го елиминираше Лех Познањ. Милан Ристовски влезе во 79-та. Мајсторијата која го одбележа мечот и вечерта е ремек делото на дефанзивецот Лукаш Штетина. Кој знае колку е голем ќеифот кога ќе ти успее вакво нешто како бек.

Милан Ристовски спасител во 94-та минута

Останаа само 10 дена до историскиот плејоф меч за СП на Македонија, против Италија на гости и радува кога ќе видиме голгетерска форма кај некој од избраниците на Боби Милевски. Ристовски даде гол за Спартак Трнава во последните мигови, за конечни 1:1 на гостувањето против Дунајска Стреда во словачкото првенство.

Двата гола на Милан Ристовски кој е прв стрелец во Словачка

На 10 дена до репрезентативните обврски, македонскиот напаѓач покажува добра голгетерска форма откако викендов стрелаше со два комада.