Навивачка на Интер за која годините се само бројка

Одлуката за оваа сезона да се игра со навивачи, некаде лимитирано, на други места со целосен капацитет, не е радост само за ултрасите. 84 годишната Џанкарла не пропушта меч на Меаца од пред времето на Дарко Панчев.

Скоцкана во обележја на нејзиниот омилен тим како вистинска навивачка, Џанкарла викендов беше на стадион облечена во тренерка на Интер, маска и стегач на раката.

Ова не го прави од вчера, туку од 1986-та година. Тоа е период од кој ниту еднаш нема пропуштено да купи сезонска карта. Тоа значи дека 35 години му е верна на Интер од трибини.

Џанкарла има ритуал на одење на стадион, каде се појавува 2 часа порано, а бројот 37 кој го носи Милан Шкриниар е и нејзината година на раѓање.

Се има радувано на Скудетото во 1989-та, па сè до она лани со Конте. Има патено многу како и сите други навивачи во времето на Морати, но се има израдува и на трофеи, како на пример оние на Мурињо кој им ја донесе тројната круна.

Кога Џанкарла прв пат купила сезонска, Интер го водел Џовани Трапатони, а за нејзиниот 35 годишен стаж на Џузепе Меаца сменети се 33 тренери.

 

27 септември 2021 - 14:23