Offside

Ноќта на 1-ви февруари во Сиднеј Волкановски ќе се бори со неговиот голем ривал Диего Лопез. Повеќекратниот и актуелен шампион во перо категроија Алекс Волкановски ќе се обиде да ја одбрани титулата против 31-годишниот Бразилец Диего Лопез.

Судија п.

За време на дуелот меѓу американскиот тенисер Бен Шелтон и Ринки Хиџиката при водство на Американецот 2-0 во сетови и 5:4 во трет сет, на неколку мигови пред крај на дуелот судијата реши да го прекине мечот поради слаба видливост во 21:30 во Лондон и да го одложи за денес. Бен Шелтон со право реагираше и се побуни како и цел стадион.

Тренерот на Ливерпул скршен од болка за загинатиот Жота

Летото од соништата на Португалецот Диого Жота се претвори во трагедија. Фудбалерот на Ливерпул кој во само неколку недели освои шампионска титула во Премиер лига и пехар во Лига на Нации со Португалија, загина трагично во сообраќајка во Шпанија. Цел фудбалски свет е во шок а најмногу во неговиот клуб.

На Трамп му се гледа УФЦ борби во дворот на Белата куќа

Претседателот на САД изнесе нова ексцентрична идеја, кажа дека размислува да организира УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа каде би имало капацитет за 25.000 гледачи. Настанот би бил следната година по еден голем повод и голем јубилеј.

Иванишевиќ: За мене Новак е фаворит, ако го освои Вимблдон, нема тука да застане

Довчерашниот тренер на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ од Лондон за Спорт Клуб вели дека нема дилеми околу фаворитот на Вимблдон: „Гледав како тренираше. Тоа е едно такво уживање да го гледаш, со една леснотија на играње тенис. Тој е најдобар играч на трева, од Синер тука нема пораз, според мене сигурно ќе играат во полуфинале. За мене е фаворит за освојување на трофејот“.

Навивач на Евертон му оддаде почит на Жота

Големото градско фудбалско ривалство, оди во втор план во вакви моменти. Тоа го докажува овој навивач, кој се двои од другите само по бојата на дресот.

Навивач на Флуминенсе стави кечап на пица пред очи на Интеристи

Кај Флуминенсе го елиминираше Интер во осминафиналето на Светското клупско првенство, па уште се случи и една ваква „трагедија“. Бразилски навивач фати да става кечап на пица пред куп Италијанци, па уште и да ја јаде таква. Во Италија кечап на пица се сфаќа како сквернавење на нивното свето тесто.

Емотивно простување на Ливерпул со Жота

„Нашето момче од Португалија. Засекогаш Диого Жота“ е насловено видеото кое Ливерпул го направи во чест на трагично загинатиот фудбалер кој 5 сезони го потеше дресот на Енфилд. Преку 600.000 прегледи има во првите 8 часа.

Ѓоковиќ: За постигнатото ќе разговарам на плажа со маргарита со Надал и Федерер кога ќе се пензионирам

Новак го елиминираше Даниел Еванс со 3:0 во 2. коло и со тоа стигна до триумф број 99 на Вимблдон. Вели дека не размислува целосно за сè што сторил во тенисот, ама објасни кога и со кого ќе го прави тоа и ја изнасмеа публиката.

Ѓоковиќ пумпа на Вимблдон, вториот противник го мина експресно за помалку од 2 часа

Британецот Даниел Еванс, 154-ти на АТП, немаше што да бара против 7 кратниот првак на Вимблдон. Новак победи во три сета (6-3, 6-2, 6-0), со само пет загубени гема и се пласираше во третата рунда, каде ќе се сретне со својот сонародник Миомир Кецмановиќ.

Жота со децата на Енфилд

Не престануваат да се вртат видеа од Диого Жота. Загина после тазе направена свадба и шампионска титула со Ливерпул. Три деца остави.

Пред Енфилд e полно со цвеќиња, знамето на Ливерпул на пола копје

Навивачите на Ливерпул се скршени и веќе почнаа да се собираат пред Енфилд Роуд за да му оддадат почит на Диого Жота, кој заедно со брат му загинаа со кола излетувајќи од пат. 

Кои два клуба ќе палат и гасат во Европа во новата сезона?

Имавме ултра набиена сезона, со многу репрезентативни настапи, Лига на Нации + Квалификации за СП и дополнително, ова смешно и промашено Клупско Светско што дополнително ги измрцвари ултрасилните екипи. Фудбалерите не се роботи.

Киа, Надал и македонскиот мермер

Компанијата Киа во Австралија објави интересна реклама во која се појавува еден од најдобрите светски тенисери на сите времиња, Рафаел Надал и се споменува македонски мермер. Во рекламата се појавува и Питер Даикос, некогашен легендарен играч во австралиски фудбал со македонско потекло. Грците одма рипнаа.

Како Енфилд му пееше на Жота

На 28 години згасна животот на славниот фудбалер на Ливерпул Диого Жота кој загина во сообраќајна несреќа во Шпанија на автопат близу граница со Португалија...

Најлудиот голмански гол во историја е дело на Оливер Кан

Остајте вие тоа гол на голман од пенал, слободен удар или со глава. Сте виделе ли некој да ја забие топката во гол со раце? И тоа мртов ладен, со смеч како на одбојка. Кан дами и господа, како никој никогаш претходно. Па уште Јанкер и Куфур бараат некаква си правдина кај судијата :).

Денот кога 19 годишниот Федерер го елиминираше својот идол Сампрас

Јако парче историја од Вимблдон 2001. Во 4. коло на младиот Роџер Федерер му се падна идолот Пит Сампрас, инаку 7 кратен првак на најелитниот турнир во 8 изданија од 1993-та до 2000-та. Го доби во 5 сета за 3 часа и 40 минути со атрактивен ритрн.

Кој беше Диого Жота, загинатата ѕвезда на Ливерпул?

Со 26 настапи и 6 гола португалскиот ас Диого Жота придонесе за шампионската титула на Ливерпул во Премиер лига 2024/2025. Беше миленик на навивачите на црвените кои му пееја и неколку посветени песни. Во јуни освои и голем пехар со Португалија во финалето на Лига на Нации.

Поенот кој душа им зема на Дел Потро и Ѓоковиќ на Вимблдон

„Играв против Новак, Рафа и Роџер кога беа во најдобра форма. Надал и Федерер имаат слабости, Ѓоковиќ нема. Новак за мене е најдобриот во историјата“, изјави во едно интервју Хуан Мартин дел Потро.

Селекторскиот крај на Марадона кој заврши со дебакл на Светско

Диего Армандо Марадона ја водеше Аргентина од ноември 2008 до јули 2010, период кој како да остана подзаборавен. Скорот не му лош, 18 победи и 6 порази, но без некој значаен успех. Се прости од селекторската позиција на денешен ден, пред точно 15 години со убедлив пораз од Германија во четвртфиналето на СП 2010.

Колку заработуваат германските клубови од спонзори на дресовите?

Станува збор за годишна сигурна сума која што бундеслигашите ја добиваат од генералниот спонзор кој стои на чело на нивните дресови. Има огромна разлика од првите 2-3 клуба па надолу.

Оди направи ги ножичкиве на Златан да те видам

На две перници на базен, од 10 обиди, нема ниту еднаш на нозе да се задржиме, а не па акробацијава да ја направиме.

Шпанците не ги забораваат мајсториите на Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди на 2. јули прослави 30-ти роденден. Му го честитаа и од Леванте, неговиот некогашен клуб во шпанска Ла Лига каде блескаше во време кога таму играа Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Карим Бензема...

Ја има ли акцијава на Порто во учебниците за фудбал?

Видеото е од Ковидот 2020-та, кога фудбал се играше без публика. Па човек како да ја цртал акцијава. Совршено одиграно.