Шпанија ја доби битката со Германија за екстра место во ЛШ

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Фрајбург ќе биде единствениот претставник на Бундеслигата во трите европски финалиња откако ја победи Брага со вкупен резултат 4-3 во полуфиналето на Лигата на Европа. 

Сепак, триумфот на Рајо Ваљекано над Стразбур во мечот од Конференциската лига ја заврши трката за дополнително место во Лигата на шампионите.

Откако ги промени форматите на своите натпреварувања минатата сезона, УЕФА дозволува две дополнителни места во Лигата на шампионите за двете најдобри федерации врз основа на акумулираните резултати. 

Англија веќе го освои првото место и сега им се придружува Шпанија.

Германија ќе има четири места, освен ако Фрајбург не ја освои Лигата на Европа, бидејќи четири тима се во конкуренција за две места за да им се придружат на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Лајпциг е трет со 62 бода, Баер Леверкузен е четврти со 58, исто колку што имаат Штутгарт и Хофенхајм на петта и шеста позиција. Сите четири тима веќе имаат обезбедено барем квалификации за Лига Европа.

Постои можност петти тим од Бундеслигата да учествува во ЛШ следната сезона ако Фрајбург ја победи Астон Вила во финалето од Лигата на Европа.

Во моментов се седми во Бундес, позиција која ги носи во Конференциската лига со еден бод предност пред победникот на Лигата на Европа во 2022 година, Ајнтрахт Франкфурт.

Во сите три европски финалиња ќе учествуваат англиски клубови. Прво се игра финалето од Лига Европа на 20 мај во Истанбул.

Потоа Лајпциг ќе биде домаќин на финалето на Конференциската лига помеѓу Рајо Ваљекано и Кристал Палас на 27 мај. Пушкаш арената во Будимпешта ќе го круниса првакот во ЛШ на 30 мај.

Кои се кандидатите за 5-то во Ла Лига?

Како што стојат работите, на четири кола до крајот, Бетис е најголем фаворит за последното место во Лигата на шампионите.

Тимот на Мануел Пелегрини е со 6 бода пред Селта Виго, додека има мали шанси екипи како Хетафе, Атлетик Клуб и Реал Сосиедад да се протнат на 5-то место.

Две победи и едно реми ќе бидат доволни за да обезбедат место во Лигата на шампионите следната сезона.

Англија првпат има финалисти во сите три најсилни европски турнири

8 мај 2026 - 11:26