Англија првпат има финалисти во сите три најсилни европски турнири

По одличните настапи на Арсенал кој стигна до големото финале на Лига на шампиони првпат после 20 години, Англија ќе има уште двајца плус претставници во големите европски финалиња сезонава.

Арсенал закажа мегдан со ПСЖ во Будимпешта, Астон Вила ќе игра за вредниот трофеј од Лига Европа против германски Фрајбург кој е големо изненадување на сезоната, а Кристал Палас ќе се бори за свој прв европски трофеј против шпанската сензација Рајо Ваљекано во финале на Конференциска Лига.

Во случај тимот од Бирмингем да стигне до пехарот во Лига Европа, Англија следната сезона ќе има дури шест екипи во елитната Лига на шампиони!

Неодамна, во 2023-та година ваква доминација имаа италијанските клубови кои сезонава пропаднаа во еврокуповите. Пред три години Интер играше финале на Лига на шампиони, Рома финале на Лига Европа а Фиорентина финале на Конференциска лига.

Серија А може да се пофали со ваков подвиг и од сезоната 1993/1994 кога Милан стана европски шампион и ја освои Лига на шампиони, Интер го освои Купот на УЕФА, а Парма играше со Арсенал и изгуби во финале на Куп на победници на купови.

Славното италијанско калчо и во сезоните 1992/1003 и во 1988/1989 имаше тројца финалисти во три разлчни еврокупа.

Најпозната сезона на која носталгично се сеќаваат Италијанците е 1989/1990 кога Милан освои Лига на шампиони, Јувентус се закити со трофејот во Куп на УЕФА и тоа во дуел против Фиорентина во финале а Сампдорија славеше во Куп на Куп победници.

Што се однесува до Шпанците, ним еднаш им се случи да имаат три финалисти. Во сезоната 1985/1986, Реал Мадрид го освои Куп на УЕФА, Барселона изгуби во финале на Лига на шампиони а Атлетико Мадрид беше поразен во финалето на Куп на победници на Купови.

8 мај 2026 - 09:22