Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Феникс со дрзок цепелин на 0,9 секунди до крај, до водство од 2:0

Немаш ниту една секунда до крај и мислиш дека е готова, но имаш напад од кој можеби некако ќе можеш да се извлечеш. Каква луда завршница и тоа во конференциското финале.

Кога евроголот на Модриќ ќе те фрли во очај

Шкотланѓаните имаа надежно израмнување, ама изгледа заборавија какви играчи имаат Хрватите и кој е Лука Модриќ. Кутриов врат ќе си скршеше.

Нестор и Ван Дер Варт со силни зборови за великанот

„Македонија нема да може никогаш да му се оддолжи“, напиша Илија Несторовски. „Пандев е како Јохан Кројф за Македонија“, изјави Рафаел Ван Дер Варт.

Интервју на Пандев за Беин Спортс со Турчинка која го прашува на македонски

И пред Европско и за време на Европско и после Европско, капитенот не може глава да крене од интервјуа. Цела Европа го бара, па почнаа и на нашки да му зборат странските новинари.

Фелш магијата на Лука Модриќ

Кога на Хрватска не и оди и не може да победи, подајте му ја на четирикратниот освојувач на ЛШ да видиме што знае.

Антиќ и Мојсовски први ги пречекаа фудбалерите

Македонската фудбалска репрезентација се прибра од Европското првенство со чартер лет од Амстердам. Аплаузи и скандирања за капитенот на кој му се поклони Наумче Мојсовски.

Многу причини за радост - два гола, два милиони денари од Моцарт

Погодоците на Пандев и Алиоски на ЕУРО 2020 донесоа голема радост на цела нација, но и одличен износ во хуманитарни цели.

Краткометражен филм за Македонија на ЕП 2020

„Тоа што ние го сонувавме, вие го остваривме“, стои во ова ремек дело изработено од Мартин Пресилски, кој на моќен и емотивен начин ни ја претстави преубавата реалност која ја доживеавме, а која некогаш личеше на недостижен сон. Ова се пушта на видео бим.

Ноер ли е, Столе ли е?

Ги критикуваа дека бил киксер, но Столе Димитриевски беше една од нашите најсветли точки на Европското, прогласен за најдобар голман во второто коло, како и прв и за сега единствен со одбранет пенал. Погледнете го сега во една друга улога. Пасов до Елмас е лудило.

Бруно Фернандеш за Пандев

Овациите и шпалирот во чест на Пандев се емотивен момент за секој фудбалер и фудбалски фанатик. Ѕвездата на Португалија и Манчестер Јунајтед го сподели посебниот момент на Твитер.

Спречување напад во Суарез стил

Уругвај и Чиле одиграа 1:1 во Копа Америка, натпревар на кој Луис Суарез покажа дека тешко се менуваат старите навики. Два саати зема да ги врзува врвките за да го спречи голманот да ја изведе.

Заедно со Пандев уште двајца фудбалери се повлекуваат од репрезентација

Последниот танц за Македонија на ЕП 2020 како остварен сон од детството, освен легендата го имаа уште двајца напаѓачи, Иван Тричковски и Крсте Велковски. Им благодариме за придонесот.

Кога мислиш дека Ди Марија ќе оди на центар шут

Три меча, три гола, седум бода за Аргентина во Копа Америка. По оние 1:1 против Чиле, момците на Скалони прво го совладаа Уругвај, а потоа и Парагвај со ист резултат од 1:0. Мечот го реши Папу Гомез по една извонредна асистенција на Анхел Ди Марија. Цела одбрана ја измами со пасот.

Пуштете на мобилен да ја догледаме Финска

Уште не сме дошле до нокаут фаза, а веќе расте возбудата на Европското. Замислете Данците вчера ја минаа групната фаза со два порази. И така може.

Еден куп светски медиуми му се поклонија на Пандев

Газета дело Спорт, Скај Спорт, Гол, Марка, Фор Фор Ту, Еуроспорт, Дејли Мејл...Речиси и да нема познат весник или портал за фудбал кој не ја величи кариерата на најголемиот на сите времиња во Македонија.

Од Џенова до Амстердам, приказна која вечно ќе се памети

Те ставаат селектор и што правиш првиот ден? Се качуваш во авион и одиш за Џенова да го вратиш Горан Пандев во репрезентација, одговори популарниот Мрме во едно неодамнешно интервју. Клучен потег што се израдувавме на исполнетиот тридецениски сон.

Стоечки овации за великанот Горан Пандев

Дојде крајот на фудбалската ера за еден од нашите најголеми амбасадори, кој оди во пензија со остварен сон. Заигра со Македонија на Европско првенство. „Срцето ми е полно, повеќе од ова не можам“, изјави капитенот кој следниот месец полни 38.

Нереален пораз на Македонија за крај на европската одисеја

Македонската фудбалска репрезентација ги завршува настапите на Европското првенство, за жал со висок пораз кој не го заслужи. Крај на репрезентативната кариера за Горан Пандев кој доби дрес од домаќините. Ти благодариме легендо.

Зарем немаше ли фаул над Пандев при првиот гол?

Ни главниот судија, ни помошниците, па ниту во ВАР собата не го видоа очигледниот прекршок на Блинд врз Горан Пандев на средина од првиот дел по кој падна првиот гол на средбата. Срамота.

Дрес за легендата од домаќинот Холандија

Ако на некој случајно уште не му е јасно колку е голем Горан Пандев, нека го погледне гестот на Холанѓаните на стартот на дуелот против Македонија. За време на ракувањето на капитените, Вајналдум му подари дрес на Пандев од Холандија со број 122, колку што има настапи за репрезентација. Аплаузи.

Во Амстердам е весело, се пие и се пее за ракијата

Македонската навивачка треска од Букурешт се префрли во Амстердам. Атмосферата е на ниво. Се пее, се навива и се наздравува, а таму е и царот со новиот тапан. Му посакуваме да го дупне со гол на Пандев, по можност победнички.

Емоциите на Рики за повлекувањето на Пандев

Нивното пријателство има историја. Со години се заедно во репрезентација, беа во ист период и во италијанско, а си одеа и по гости. Рики го сака Горан како брат и сосема разбирлива е неговата тага што повеќе нема да играат заедно.

Израмнувањето на Пандев против Холандија со коментар на Калински за делириум на Градски

Македонија има четири соочувања против големиот ривал со кој вечерва го завршуваме деби настапот на ЕП. Скорот ни е две нерешени и два порази, а Горан Пандев е стрелец на два гола. Во Скопје оние 2:2 беа спектакл.

Кога на арапски коментатор ќе му влезе згодна Русинка во кадар

На Европското до сега се појавија многу убави дами меѓу кои и наши, а врвот се случи на мечот Финска - Русија на кој коментаторот излезе од спортски и влезе во музички води.