Хуан Бернабе е вработен во Лацио веќе 11 години и тој беше задолжен за маскотата на клубот, орлицата Олимпија која пред секој меч на „Олимпико“ прави по три круга околу стадионот, па се враќа кај него на рака.
Навивачите на Лацио сметаат дека орлицата е амајлија и меѓу нив постои мит дека ако не прелета три круга, туку помалку или повеќе, резултатот нема да биде во полза на „бјанкочелестите“.
После дербито со Рома во кое Лацио славеше голем триумф, навивачите беа во еуфорија а тренерот Маурицио Сари првпат во живот на рака, со помош на Хуан Бернабе, ја држеше орлицата Олимпија. И тогаш Хуан беше на сите насловни страни во Европа, за него се пишуваше на големо.
Ама сега ја утнал работата. Суспендиран е и му се заканува отказ зошто на друштвените мрежи е објавено видео на кое тој со неколку тифози на Лацио на трибина го велича Дуче, озлогласениот фашист Бенито Мусолини и салутира со римски поздрав.
Juan Bernabè, the eagle trainer who works at Lazio, was filmed giving the fascist salute to fans at the Olímpico and has now been suspended by the club. 🤮 pic.twitter.com/EzxOS6eOfd
— FutbolBible (@FutbolBible) October 20, 2021
„Превземени се сите мерки за моментална суспензија на лицето и за можен раскин на постоечкиот договор“, соопштиле од клубот.
Како што пренесува La Gazzetta dello Sport, видеото е снимено по триумфот на Лацио против Интер (3:1) во саботата.
Навивачите на Лацио, особено оние најжестоките, сместени на северната трибина (Curva Nord) често се на удар на критики за расистичко скандирање и фашизам. На својата трибина често салутираат со римски поздрав и слики од Бенито Мусолини.
Унијата на еврејската заедница во Италија (UCEI) чие седиште е во Рим, упатила остар протест против фашистичките слогани и поздрави во чест на Мусолини.
„Соочени со безобзирниот гест и симбол кои призиваат фашистички идеали, не може да има двосмисленост и одолговлекување. Однесувањето на дресерот на орлицата Олимпија, симболот на Лацио е овековечено во видео кое стана вирално и не остава сомнеж. Клубот и сојузот мораат да интервенираат со најголема итност и ефикасност“, вели претседателката на еврејската заедница во Италија, Ноеми Ди Сењи.