Се работи за скопјанецот Александар Зелениковски, инаку член на фан клубот на Манчестер Јунајтед во Македонија.
На толку многу навивачи кои беа синоќа во бројка од преку 70.000 на Олд Трафорд, режисерот во преносот го улови токму Македонецот кој беше пресреќен после голот на Роналдо за 3:2.
Јасно се гледа во кадар и на оваа снимка направена од трибина на која го крева знамето на Македонија. Роналдо и компанија славеа пред негови очи. Какви мераци за Александар.
Фотографијава сигурно ќе си ја урами.