
Несекојдневната грешка се појави на семафорот кој Русите тотално го унаказија и гостувањето на Галатасарај го најавија со ланскиот тим на Баерн Минхен. Смешки.
Го погодија само логото на гостите и тренерот Фатих Терим, кој имаше за можност да си замисли дека Галатасарај му изгледа вака:
Нојер, Ернандес, Алаба, Зиле, Павард, Горецка, Кимих, Коман, Толисо и Милер.
Галатасарај беше доволно силен да ја освои Москва и без играчи од германскиот гигант. Победија 0:1 со голот на Керем Актуркоглу.