Баварците се бараа на почеток на сезоната и сега кога се најдоа со новиот тренер Нагелсман, Европа нека му ја мисли. Решетаат по 4, 5 гола било каде било кога. Откако го демолираа Леверкузен на гости минатиот викенд, синоќа со Бенфика до 70’ минута резултатот беше 0-0, конечен 0-4. Отвори Лирој Сане, репрезентативецот на Германија со луд слободњак.