Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Барселона, смешни сте

Им рече ФК Омладинац на Каталонците со муабет кој им е скроз на место. Ако се изземат трибините и околината, нема тука други разлики. Стрижењето на Србиве е беспрекорно.

Најлудиот деби настап некогаш виден - Алваро Рекоба

На 31 август 1997 година во новата сезона на Серија А деби за Интер имаа Роналдо и Алваро Рекоба. Против Бреша на „Сан Сиро“. Кога Уругваецот влезе во игра, Интер губеше 0-1 од тимот во кој играа Пирло и Баџо. Погледнете што направи.

Види го ти Мурињо играње тики-така

Често пати за него се велеше дека го паркира автобусот и игра на 1:0, ама еве го фино почна во Рома. 3:1 со Фиорентина, па 0:4 со Салернитана. Голот на Французинот Жордан Верету го изработија до даска, без едно промашено додавање.

Пеп Гвардиола се восхитува на летот на гуски во јато и прави таква формација

Во свежиот документарец на Манчестер Сити „Заедно“ (Together) премиерно прикажан на клупскиот Јутјуб канал кој раскажува за последните неверојатни недели од минатата сезона, има и едно необично откритие.

Како изгледа фудбал на Паралимпијада со слепи?

Исто е, ама не е исто и изгледа необично, особено кога ќе видите како голманите кои не се слепи примаат голови од слепи. Кој е најдобар? Бразил.

Роналдо: Се вратив таму каде што припаѓам, Сер Алекс ова е за тебе

Кристијано има статус на Инстаграм кој за 1 час имаше преку 6 милиони лајкови, а кога кликнавме за кратко Ф5 станаа преку 7. Обраќањето му е емотивно, со многу љубов и радост што се враќа дома. Последната реченица му е врв.

Камерата која го следеше само Меси

Бидна и тоа. Најголемиот на сите времиња според многумина, дебитираше во новиот дрес. На мечот Рем - ПСЖ во 60-та минута отиде на загревање, а во 65’ минута влезе место другар му Нејмар. Одигра пристојно и доби аплаузи и овации од цел стадион. Една камера била задолжена само за него.

Тренер во Парагвај ја побара девојката пред натпревар, екипата му изгуби 5-1

Минатиот викенд парагвајски Ривер Плејт од Асунсион го пречека лидерот Гуарани во натпревар кој ќе се памети по неколку интересни сцени.

Наковска – Бикова влезе во финале на ПОИ во Токио и заврши шеста

На 16-те Паралимписки игри, имаме еден претставник со големо искуство и златен медал, а ова за неа е петта Паралимпијада во кариерата.

Клуб од Хрватска е принуден да игра само на гости поради диви свињи

Се работи за третолигаш од каде велат дека се на маки како да ги заштитат играчите, но и теренот кој повеќе им личи на нива.

На Циципас му прејде во навика да оди во тоалет сред меч, ги нервира ривалите

Противниците го обвинуваат грчкиот тенисер дека наводно се повлекува на подолги паузи за да се допишува со татко му кој му е тренер. Ќе отиде до тоалет и го нема десетина минути.

Пенал за Манчестер Јунајтед е јас кога ќе кажам

Главниот судија на мечот Манчестер Јунајтед - Лидс Јунајтед за играчи до 18 години и да сакаше не можеше да донесе полоша судиска одлука од оваа. Изгледа син му игра за Лидс или па на три корни пенал се договорени.

А ја видовте ли петицата на Жиру?

По продолжувањето на договорот на Ибра и за оваа сезона, Милан во напад се реши да се потпре на уште еден искусен напаѓач, а тоа е Оливие Жиру кој дојде како тазе освојувач на ЛШ со Челси. Не му требаше време за адаптација. Викендов даде два гола, а имаше и едно многу мангупско додавање кое грев е што не стана асистенција.

Најлудачкиот начин на гледање фудбал од дома

Навивачи во Бразил го надминаа Кратово, македонскиот па и цел балкански фудбал во пронаоѓање изум како да го претворат својот дом во трибина. Ќерамиди извадиле царевите, а најјакото е што и жената ѕирка да не испушти нешто.

Комичен одговор на Де Хеа на прашање за Роналдо

Голманот на Јунајтед одново брани во одлична форма. На мечот против Вулверхемптон на гости буквално го имаше најдобриот настап во последните неколку месеци. Манчестер славеше минимално и ја продолжи неверојатната серија од 28 меча без пораз на гостувања во Премиер лига. После мечот репортер го праша Де Хеа што мисли за новиот трансфер.

Трансферот на Роналдо бил среден за неколку часа, а телефони вртеле и негови соиграчи

Кам бекот на Роналдо во петокот ноќта го изненади фудбалскиот свет, бидејќи очекувањата беа дека ќе стане нов член на Сити. Но кога Хорhе Мендеш видел дека таму се закочила работата, го свртел бројот во другиот Манчестер и брзо ја завршил зделката.

Буцко ама мајстор на својот занает

Втора лига на Монголија. Дуел меѓу Илч и ФК Баварианс. Пред судијата да свирне крај на мечот, во последните секунди од дуелот контра потегнува еден буцко кој има левица како снајпер. Пазете го лобов од 50 метри.

Необична повреда на судија кој побара измена

Згрчен и безпомошен, судија на второлигашки натпревар во Аргентина лежеше и се виткаше од болки. Лекарите се обидоа да сфатат што му е, коментаторите се чудеа, а одговорот за глупавиот начин на кој очигледно дека лошо ја повредил раката, лежи при крај на видеото.

Кога една лута жена пред сала го убедила Шекил да ги намали цените на патиките

Легендарниот Шек на крајот од ’90-те години ја прекинал соработката со компанијата Rebook која правеше брендирани патики со неговиот лик и лого и кои чинеле од 130-150 долари.

Жозе во воз тера италијански гурманлук

„После убава победа, нема ништо подобро од специјална пица“, напиша Мурињо на Инстаграм, кој после триумфот од 0:4 против Салернитана, ептен мераклиски и се наслади на тоа лепотицата.

Солскјер на времето го возел Роналдо по трговски центри и му нашол репетитор

Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.

Како изгледаше дебито на Меси во ПСЖ?

Овации, банери, автограми и сликања од домашни навивачи и играчи. 120 новинарски барања во град со помалку од 200.000 жители, карти на црно до 6.000 евра, реакција од публиката на секое негово додавање. Ремс синоќа беше во транс.

Уште постојат англиски касапини

Барнли во Англија важи за клуб кој уште се држи до старата англиска фудбалска школа. За овој тим меѓу другите фудбалери, играат и грубијани растени по тамошните пабови а навивачите сакаат само домашни играчи. Пример викендов на мечот со Лидс Јунајтед кој заврши 1-1 шпицот Ешли Барнс буквално го скрши бекот Стјуарт Далас.

Глумец на колото

Добро вика едниов од коментаторите на мечот Волфсбург - РБ Лајпциг. Дали се играчиве свесни дека ги снимаат 38 камери од различни агли? Како може да падне и да се држи за лице ако не го пипнале? Епа може. Андре Силва од Лајпциг.