Ако изминатиот викенд некој од вас бил во Ново Лисиче да го гледа Вардар, речиси сигурно не обрнал внимание какви дресови носат гостите и што пишува на нив.
Додека амбициите на црвено црните се експресно да се вратат во прва лига, Кадино, предводен од Никола Илиевски Џиџи е последен на табела и се бори за опстанок. Ама не само за лигашки опстанок, туку и финансиски.
Клубот од скопското село, кое се наоѓа во близина на Петровец, до толку е утепан со пари, што нема ни за дресови, па мора да играат со туѓи.
Како Хакен е инволвиран во сево ова?
Многу едноставно. Шведскиот прволигаш води таква клупска политика, што старите дресови им ги донира на сиромашни клубови.
Токму македонскиот второлигаш Кадино сезонава ја користи нивната помош и дресовите на Хакен не ги користат само за тренинзи, туку и на натпревари, како што беше во саботата на мечот против Вардар.
Интересно, Кадино настапува и со логото на Хакен на кое само има напишано Кадино и толку, друго сè е исто. Тоа може да се забележи најдобро кај голманот.
Ова е логото на шведскиот клуб стар осум децении
А ова на македонскиот кој загуби 3:0 од Вардар.
Фотографии од мечот Вардар - Кадино кои на гости играат со црните дресови на Хакен.
А овие фотки се од првиот нивен дуел сезонава одигран на 3 октомври, на кои се гледа дека добиле и жолти. Швеѓаните се педантни и кога донираат. Две варијанти им подариле. Цареви.
Новите дресови на Хакен, кои веројатно за некоја година повторно ќе завршат во Кадино или можеби кај некој друг македонски клуб.
Инаку за Хакен игра Филип Трпчевски кој е член на Македонија У-21.
Класично скандинавско однесување наспротив тажната македонска реалност во која Велешта на пример нема ни трева.