Лакрдијата се случи во финалето од Суперкупот во Парагвај меѓу екипите на Серо Портењо и Олимпија Асунсион.
Пехарот отиде во рацете на Олимпија која славеше со 3:1, натпревар на кој голманот на Серо Портењо, Жан Фернандеш доби црвен картон уште пред да почне средбата.
На само неколку мигови пред стартот, главниот судија гледа ВАР со која одлучува да го исклучи Фернандеш после кошкање со навивачите.
Тие му дофрлуваат нешто и го гаѓаат со разни предмети, а тој им одговара на провокацијата со гестикулации, кои судијата ги толкува како навредливи.
Интересно, Серо Портењо добива црвен картон, ама не останува со играч помалку, туку на местото на Фернандеш влегува вториот голман како замена.
Каква луда увертира во Суперкупот.
А видовте ли на каков начин стигна Серо Портењо до титулата?