Најтрофејниот кошаркар во историјата на НБА ја продал цела колекција шампионски прстени и трофеи

Бил Расел е можеби најголема легенда во НБА. Со 11 освоени шампионски титули од 1956 до 1969 величествениот центар на Бостон Селтикс е најтрофеен играч по број на титули. Две има освоено како играч-тренер.

Бил Расел е единствен човек кој имал повеќе шампионски прстени околку прсти на рацете. Но пред неколку дена 87-годишниот ветеран решил да се прости со својата богата колекција и со многу други вредни награди. Ги продал доброволно на аукција.

Расел во кариерата освоил 11 шампионски титули во 13 сезони, 5 МВП трофеи и еден Ол-Стар МВП пехар.

„Решив да продадам голем дел од својата колекција. Неколку работи оставив за себе, но сè останато ќе го поделам со светот. Друга причина поради кои ги продавам вредните предмети сега е во тоа што дел од добиените средства ќе бидат донирани во хуманитарната програма „Ментор“. Би сакал за крај да им се заблагодарам на пријателите од цел свет за поддршката. Со нетрпение ја чекам веселата аукција“, рекол Бил Расел.

Настанот бил одржан во домашната арена на Бостон Селтикс - „Ти Ди Гарден“. Аукцијата била одржана под раководство на аукциониот дом Hunt Auctions, специјализиран за организирање настани со ретро спорт.

Шекил О’Нил минатата недела ја најави својата желба да ги купи на аукција прстените од 11-кратниот шампион во НБА. Шек е уште еден легендарен центар чие богатство се проценува на 400 милиони долари и тој уверувал дека никој не може да се спореди со него во паричната борба за прстените.

За потфатот на Шек да купи прстени можело да се дознае од него самиот, зошто Hunt Auctions не ги открива имињата на купувачите на аукциските лотови. Така што ќе се види што ќе каже Шекил во следните денови.

Познато е само дека вкупниот приход од продажбата на сувенири на Бил Расел надминал сума од 5,3 милиони долари! Вкупно организаторите на продажба ставиле 429 лотови. Едни од најинтересните предмети биле:

- Топката со која на 28 февруари 1968-ма година на меч против Вориорс Бил Расел осигурал јубилеен скок за вкупно 20.000 скока во кариерата. Овој баскет е продаден на аукцијата за 111.625 долари.

На крајот од неверојатниот кошаркарски пат, Бил Расел како центар собрал 21.620 скока и со овој луд подвиг до ден-денес го зазема второто место во НБА по бројот на скокови. Пред него е само познатиот ривал на Селтикс Вилт Чемберлен со 23.924 скока.

- Вреден прстен во знак на сеќавање за влез на Бил Расел во Куќата на славните во 1975 година. Продаден за 129.250 долари!

Инаку Бил ја пропуштил церемонијата за влез во Куќата на славните зошто сметал дека нема морално право да стане првиот Афроамериканец кој добил таква чест. Но во 2019-та година тој зел учество во приватна церемонија за признание на неговите заслуги и добил на подарок симболичен прстен.

- Прстенот во знак на сеќавање кој Бил Расел го добил за време на повторената церемонија од комесарот на НБА Дејвид Стерн го има бројот на дресот на Бил и симболот на Бостон Селтикс. Овој прстен е продаден на аукцијата за 176.250 долари.

Трофејот за најкорисен играч на сезоната НБА 1960/1961 е продаден за 211.500 долари!

- 223.250 долари е продаден играчкиот дрес на Бил Расел од репрезентацијата на САД од 1964 година

Интересно, по поразите на Светското првенство 1963-та од СССР, Југославија и Бразил поради кои САД завршиле само на четврто место, управата на кошаркарската федерација на САД решила посериозно да ја сфати работата и во репрезентација почнале да ги викаат ѕвездите: Том Хејнсон, Кеј Си Џонс, Боб Кузи, Џери Лукас, Оскар Робертсон, Боб Петит, Том Гол и Бил Расел.

Во 1964-та оваа репрезентација на САД тргнала на турнеја по Југославија, Полска, Романија и Египет, со цел да покажат дека се најсилни. Сакале да го посетат и СССР за да одиграат пријателска средба но советските чиновници ја одбиле понудата.

Најскапоцено е продаден дресот на Бил Расел од Бостон Селтикс од 1969-та година. За овој лот некој аукционер платил астрономски 1.116.250 долари!

Сезоната 1968/1969 била последна во кариерата на големиот Бил Расел. Првпат во кариерата постигнувал помалку од 10 поени по натпревар во просек но повторно станал шампион. Во финалето го урнале Лејкерс на големиот ривал Вилт Чемберлен. Бил Расел после тој меч ја завршил кариерата на 35 години.

Инаку по 11 шампионски титули во кој било спорт во САД имаат само Бил Расел и хокераската легенда на Монтреал, Анри Ришар.

14 декември 2021 - 15:18