Во ситуација кога морал да извади играч и да го внесе резервниот голман, тренерот на Славија го викнал од клупата Георги Петков, 45-годишниот резервен голман кој има најдолг стаж во историјата на бугарскиот лигашки фудбал.
Кога влегол на терен Петков поставил нов рекорд: станал највозрасниот голман во историјата на бугарската прва лига. Во моментот кога влегол на терен имал 45 години, 8 месеци и 27 дена. Успеал да одбрани неколку сериозни удари кон неговиот гол, неговата Славија водела 0-1 но домаќинот израмнил 1-1 во 90’ минута, на секунди пред крајот.
Актуелнава сезона е дури 24-та во најдобрата бугарска лига за Петков. Последен пат на голот застанал на 21 ноември 2020-та на мечот Славија - Етар Велико Трново (0:0). Петков е роден на 14 март 1976-та година.
За репрезентацијата на Бугарија првпат добил повик во 1998 година, а последен пат бил викнат за дуелите против Кипар и Словенија во ноември 2018 во Лига на Нации. И на двата меча Бугарија одиграла нерешено 1:1 а Петков бранел и на двата натпревари. После тоа ја завршил репрезентативната кариера која траела цели 20 години.
Во својата долга кариера Петков бранел за неколку бугарски клубови а со Левски Софија освоил четири шампионски титули и три Суперкупа. Со Славија Софија го освоил бугарскиот Куп во 2018 после победа против Левски.
За Левски бранел и во Лига на шампиони и Лига Европа.