Организацијата се вадеше на техничка грешка на провајдерот, но дали е во ред таквото објаснување за еден Реал Мадрид кој наместо Бенфика го доби ПСЖ.
Чисто за потсетување - за влез понатаму во четвртфинале премијата е 10,6 милиони евра. А плус уште има и дополнителни заработки од продадени нови влезници за следната рунда.
„Чудно и жално. Многу е тешко ова да се разбере“, кратко прокоментирал директорот на Реал Мадрид Емилио Бутрагењо.
Во последно време сите големи ждрепки оддаваа впечаток дека се максимално беспрекорни, но како што гледаме, и тука се случуваат грешки.
Да погледнеме одблизу како сè функционира.
КАКО УЕФА СЕ СПРЕМА ЗА ЖДРЕПКА: ТРИ КОМПЛЕТИ ТОПЧИЊА, РЕПЕТИЦИЈА, ПРОБА ДВЕ НЕДЕЛИ ОДНАПРЕД
На понеделничката ждрепка УЕФА соопшти дека софтверот кој го користат за да формираат парови се расипал.
Ждрепката ја влечеа: Џорџо Маркети (директор на УЕФА за организација на натпревари), Микаел Хеселшвердт (шеф на одделот за клупски натпреварувања во УЕФА) и Андреј Аршавин.
Сите во еден момент останаа збунети поради големиот гаф.
Во 1/8 финале меѓу себе не може меѓу себе да играат клубови од иста земја ни клубови кои биле во иста група претходно. Бељата настана кога на Виљареал му падна Манчестер Јунајтед со кого беа во иста група. Компјутерот после покажа дека меѓу можните противници на Атлетико Мадрид е Ливерпул иако и тие играа исто во групна фаза, но дека на Атлетико не може да им се падне Манчестер Јунајтед иако немаше причини за тоа.
На крај на Атлетико му падна Баерн Минхен а на Јунајтед ПСЖ. Претставниците на мадридскиот клуб биле бесни и според The Athletic тие меѓу први барале повторување на ждрепката за што соопштија и самите на Твитер набрзо.
Михаел Хезелшвердт е лице задолжено за клупски натпреварувања во УЕФА. Тој беше на ждрепката во понеделникот а пред две години со неговиот колега Антонио Џакино раскажале како се спремаат за секоја голема ждрепка:
„Јас се трудам подготовките да бидат две недели. Вечерта пред ждрепката не можеш да заспиеш. Ждрепките за 1/8 финале на Лига на шампиони и 1/16 финале на Лига Европа се најтешки од логистичка гледна точка. Треба да спремиш многу топчиња, постојат многу сценарија. Дента се влече и ждрепка за плејофот во Младинската лига на УЕФА, за понеделник треба да спремиш ждрепка со 1.440 кугли. Еден комплет е за проби кои се случуваат денот на ждрепката, а втората е за ждрепката. И треба да спремиш и трет комплет за секој случај“, вели Хезелшвердт.
Тој раскажал и:
„Антонио (Џакино) пишува список на зборови и спрема статистика за секој клуб. Кога делото доаѓа до последни подготовки, навечер повторно ги прегледувам сите документи, не е на одмет. Утрото почнуваме со ждрепка и тоа е многу важно. Имаме повеќе од час време кога може нешто да приметиме и да кажеме: „На ова треба да се поработи“.
Хезелшвердт и Џакино одговориле во интервјуто на прашањето дали се плашат?
Михаел: „За да ги сведеме грешките на минимум, учиме од другите ждрепки кои ги одржува УЕФА и другите организации. Ги идентификуваме критичните фактори кои негативно влијаат на влечење на ждрепката и развивме некои процедури. Тие ни помагаат да работиме стабилно“.
Антонио: „Јас се чувствувам сигурно зошто не сомневам во способноста да влечам ждрепка. Но секој пат кога ме прашуваат дали се е во ред, одговарам: „Кога ќе заврши ждрепката, тогаш ќе ви кажам“. Никогаш не знаеш каде ќе се сопнеш. Никој не е лишен од грешки“.
И ПОРАНО ПРОБАЛЕ ДА ЈА ОСТАВАТ ЦЕЛАТА ЖДРЕПКА НА КОМПЈУТЕР, АМА ТАКА СЕ ЗАФРКНАЛ БЛАТЕР
Ждрепката е стар изум. Уште во XIX век Енциклопедија пишува за тоа.
Во фудбал ждрепка се влече уште од првото Светско првенство 1930-та. Тогаш ги добиле паровите на три дена до првиот натпревар, во работна канцеларија на ФИФА привремено преместена во главниот град на Уругвај. А ждрепката за Светско првенство 1966 станала прва која директно ја пренесувале во живо.
За исклучување на човечки фактор од процесот помислиле уште на почетокот на ’80-те години.
Во 1981-ва година новиот генерален секретар на ФИФА Сеп Блатер првпат спровел ждрепка со помош на техника - за Светското првенство 1982 во Шпанија. Куглите излегувале од апарати кои до тогаш ги користела шпанска лотарија.
Луѓето можеле само да ги прочитаат имињата на тимовите, но и тогаш не се избегнал скандал. Белгија и Шкотска се разлетале во групи во кои не требале а паднат па се морале да поправаат рачно. Плус тоа едно топче излетало целосно а друго не се отворало.
Блатер никогаш веќе не се вратил на овој формат и од тогаш за влечење ждрепка одговорни се само луѓе, човечки фактор.
езелшвердт признава дека сега компјутерот би можел да ги поедностави работит, но директорот на клупските натпреварувања во УЕФА има и аргумент против:
„Да, таква ждрепка со компјутер би била поедноставна. Но на мој поглед клубовите сакаат жива ждрепка. Они сакаат да бидат таму, да гледаат како се влечат и отвораат куглите. Тоа би го изгубиле ако можеме само да притиснеме копче еднаш и готово!“
Објаснувањето е на ниво „ВАР го убива духот на играта“. Ама како што знаеме на примерот на истиот тој ВАР, воведената технологија не ослободи од многу спорови. Ни овде не може да се избегне приказната на теории на заговор дека УЕФА го програмирала софтверот за свој посакуван исход.
КОЈ ГАРАНТИРА ДЕКА ДЕНЕС ЖДРЕПКИТЕ СЕ ЧЕСНИ?
Во 1970-те и 1980-те години куглите им ги доверувале на деца. Веројатно логиката им била во тоа дека нив тешко некој ќе ги обвини за местење или непотребно ќе се интересира.
Пред Светското 1990 во Италија ждрепка влечеле Софи Лорен, Лучано Павароти и цел десант естранди ѕвезди. И да, одново избил скандал.
Лорен на Италија и извлекла многу лесен противник (САД тогаш беше последен во група со нула бодови), но направила нешто ко бајаги чудно: со двете раце ја фатила куглата без воопшто да меча. Марадона тогаш ја обвинил светската глумица дека носи прстен кој со магнет ја привлекувал саканата кугличка.
Тогаш ниту еден доказ, ниту еден факт немало за нечесна или наместена ждрепка, но теории на заговор се јавуваат постојано. Некогаш бензин во огнот фрлаат и самите чиновници. Така веќе изгубениот и обвинет за тешка корупција Сеп Блатер во 2016-та ја обвини УЕФА за замешетелство: „Куглите ги ставаат во замрзнувач пред ждрепката и после и најмал допир е доволен да се разбере дали е топло или ладно топче. Тоа не беше случај со ФИФА, но го видов на ждрепките на европско ниво“, рече еднаш Блатер и крена голема врева.
Генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети кој ја водеше понеделничката скандалозна ждрепка а досега беспрекорно водел десетина други низ годините, во 2017-та рекол: „Како може топчињата да бидат ладни или топли? Тоа е невозможно. Јас за ништо на светот не би барал од играч на такво ниво какви што ги покануваме, да направи нешто такво што би довело до нечесно влечење кугли. Тоа е смешно“.
Вистина е дека УЕФА со децении се труди да организира се максимално транспарентно: сите настани ги пренесува во живо, во салата седат претставници на клуботие а топчињата ги влечат големи сегашни или поранешни фудбалски ѕвезди.
Менаџерот за клупски натпреварувања во УЕФА Антонио Џакино раскажал и дека организацијата прави се за да гарантира чесност и непристрасност.
„Дента на ждрепката викаме ревизори. Прво тие следат дали сите топчиња се затворени правилно и во согласност со процедурата. После тоа одговорни се и за сетовите за извлекување сè додека топчињата не се најдат во садовите на сцена. Тие гаантираат дека нема никакви нарушувања на инвентарот“.
Вчерашниот гаф на УЕФА и повторената ждрепка.