Offside

По бледиот старт и поразот дома од Белгија 0:2, Италија блесна против Турција на гости со високи 1:4. Манчини направи дури 8 измени во однос на првите 11, а тие одговорија машки со убедлива и допадлива игра. Бастони, Фратези и дебитантот Мајкл Кајоде од Брентфорд донесоа водство од 0:3 веќе до 27 минута. Јилмаз намали во 47-ма, а само 3 минути подоцна конечниот резултат го постави Пио Еспозито.

Направи триесет склека па ќе добиеш автограм од Стеф Кари

Стеф Кари е на заслужен одмор откако со своите Вориорс во големото НБА финале го урнаа Бостон Селтикс и ја освоија титулата. Кари каде и да се најде е опкружен од навивачи кои сакаат да се сликаат со него. 20-годишниот Мејсон Барбер морал душа да извади со 30 склека за да добие автограм од лидерот на НБА шампионот.

Комунистичкиот тренажен систем во Веспрем, комотниот живот со балканци и првиот заработен стан

Лазаров во Унгарија со соочил со исцрпувачки тренинзи по кој јадел како за 3-4 оброци и секоја пролет се соочувал со мускулна повреда. Од друга страна, почнал добро да заработува, со Штербик, Голужа и компанија не излегувале од ресторани, а го купил и првиот стан во Скопје. Веспрем е клубот каде најдолго се задржал во кариерата (2002-2007), а кога станал најдобар стрелец во ЛШ, бил скришно на разговор кај газдата на Сиудад Реал, ама веднаш и откриен.

Во канта за ѓубре во МекДоналдс најден златен медал од Олимписки Игри

Филмска сцена со крајно вреден златен медал, прв историски за женската одбојка на САД од Олимписки Игри.

Карамбол и скршеници на Тур де Франс за селфи повеќе

Најголемите велосипедски турнири на светот како Тур де Франс или Џиро Италија или Ла Вуелта, не би биле тоа што се без илјадници гледачи кои ги бодрат своите миленици. Ама пак од година во година се поставува прашањето за небрежни, невнимателни глупани кои за селфи или стори повеќе на социјални мрежи, можат да направат карамбол.

Дебитираше првиот пик на НБА драфтот од кого се очекува да блесне

Во првиот меч од Летната Лига, младиот Американец со италијански пасош, Паоло Банкеро заигра за својот нов тим Орландо Меџик кој го бираше како прв пик на драфтот. Победија „магичните“ против Хјустон Рокетс 91:77 а Банкеро имаше одлична партија.

Одлична реклама на Најк за долговечноста на Надал

Шпанската тениска бајка датира од 2001-ва, кога Рафа имал 15 години и трае уште на негови 36. Тежи вкупно 92 трофеи, а оваа година стана прв во историјата со 22 Гренд слем титули. 2022-ра му тргна фантастично и ги освои Австралија Опен и Роланд Гарос каде е владетел со 14 трофеи, но повредата го спречи денеска да го откаже полуфиналето на Вимблдон против Кирјос.

Жесток судир и прекин на мечот Лехија Гдањск - Академија Пандев

Македонскиот вицешампион Академија Пандев убедливо со 4-1 изгуби од полска Лехија Гдањск во првото коло од квалификациите за Лига Конференции и е на прагот од рано испаѓање и елиминација од еврокупови.

Ди Марија манија меѓу навивачите на Јуве

Најтрофејниот италијански клуб го доби првото големо засилување ова лето. Во Торино слета Анхел Ди Марија од ПСЖ како слободен играч за годишна плата од 7 милиони евра. Навивачите беа во транс кога пристигна аргентинската звезда. Следен е Погба.

Гатузо на прв тренинг во Валенсија со цигарче и заушка за Гуедеш

По ангажманот во Наполи и паузата од една сезона, Џенаро Гатузо се врати на тренерската работа откако го прифати првиот предизвикот Валенсија. Уште на прв тренинг има материјал за смеење, а тоа им е јасно и на навивачите кои направија комичен клип од моментот додека пуши електронска цигара.

Калин елегантно го корегираше новинарот на Вимблдон

Македонскиот претставник, Калин Ивановски одлично се претстави на Вимблдон во јуниорска конкуренција и по осминафиналниот пласман лани, оваа година стигна до четвртфинале каде загуби од Шпанецот Педро Роденас со 2:1. Да го чуеме неговиот ритрн додека даваше интервју.

Бисиклета ја викаат во Јужна Америка и за неа паѓаат во делириум

Бразилски Палмеирас и во реваншот го растури Серо Портењо од Парагвај. На првиот меч беше 0-3, на вториот во Бразил 5-0. Од сите 8 гола најубав беше оној на шпицот Рони кој влезе во игра во 34’ минута, постигна два погодоци од кои оној во 83-та минута уште долго ќе се споделува.

Гол на Бразилец за кој вријат мрежите

Бразилецот Евералдо постигна неверојатен еврогол за неговиот тим Кашима со кој му донесе бод против Осака. Вакво голчиште вреди признание „Ференц Пушкаш“ од ФИФА.

Емотивни реакции на Калин кога го загуби вториот сет

Македонскиот претставник на Вимблдон во јуниорска конкуренција, кој вчера стигна до историски пласман во топ 8, не успеа да направи уште еден голем исчекор. Ивановски поведе 1:0 против Педро Роденас, а во вториот сет прокоцка две убави водства во тај брејк од 3:0 и 5:2. Шпанецот израмни со 7:5, а третиот сет го доби со 6:4 за пласман во полуфинале. Калин пцуеше и не можеше да поверува дека го загуби мечот на свои грешки.

Филмот за мегаѕвездата Адетокумпо чии родители биле мигранти без документи во Атина

Морална лектира за летово - приказната за патот на семејството Адетокумбо. Од страшна сиромаштија на улиците во предградијата на Атина, до врвот на светот како крал на НБА.

Татко му на Надал му сугерираше да прекине и да го батали мечот

Себастијан не е толку често присутен на трибините кога игра син му Рафаел Надал. На Вимблдон сега Надал-постариот е активен, навива, гестикулира, пружа поддршка колку го држи глас. А во четвртфиналето со Американецот Фриц, во еден момент по крајот на првиот сет и почеток на вториот кога Шпанецот се пожали на силни болки во предел на стомакот и побара медицинска помош, татко му му викаше да го батали мечот.

Најголемиот идиот меѓу голманите брани во Етиопија

Ако кажеме „Најголемиот акробат меѓу голманите“ е точна, ама многу мека констатација. Ниту сме виделе ваква несреќа од голман до сега, ниту ни е јасно зошто не доби црвен. Па ова е луѓе најнадреална интервенција која ќе ја видите.

Шоу на Надал и Фриц со 25 удари

Рафаел Надал е последниот полуфиналист на Вимблдон откако во четвртфиналето го елиминираше Тејлор Фриц со 3:6, 7:5, 3:6, 7:5, 7:6.  Освојувачот на Австралија Опен и Ролан Гарос оваа сезона, имаше тешка пресметка против 24 годишниот Американец, а после завршувањето на првиот сет побара медицински тајм аут поради болки во стомакот. Ова е поенот кој го одбележа мечот.

И таа самата не знае да објасни како успеа да го земе поенов

Онс Џабер од Тунис против Мари Бузкова од Чешка. Си разменија 11 удари, ама оние кога мислиш дека во секој момент ќе завршат и не и даваат на публиката да трепне. Чехињата на крај излезе ептен к`не. Легната и врати удар.

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Од 30 првенства на најдобрите лиги во Европа, 11 се насловни спонзорства на компании кои се занимаваат со приредување игри на среќа. Зошто клубовите мораат сами да се снаоѓаат?

Кирјос, ај не можеш како оваа битанга

Елајас Имер има 26 години. Роден е во Шведска од родители од Етиопија. Елајас и брат му Микаел постојано се во или околу Топ100 на ранг листата.  Првиов на турнир во Салцбург по изгубен поен нервозно зарога едно топче директно во камерата за преноси и ја скрши.

Калин Ивановски гази на Вимблдон, ќе игра во четвртфинале

Големиот македонски талент стигна до најголемиот успех во кариерата, откако на најпрестижниот тениски турнир во светот, го елиминираше Литванецот Едас Бутвилас во јуниорска конкуренција.

Играше за Шпанија, сега ќе игра за Гана на Светско првенство

Најдобриот фудбалер на Атлетик Билбао, црномурниот Ињаки Вилијамс чии родители водат потекло од Африка а тој е роден во Баскија и како таков стекна право да игра за клубот кој има стрикна политика да не ангажира играчи од страна, реши да направи репрезентативна смена.

Кире лут на тајмаут против Србија

Македонската ракометна репрезентација во три наврати имаше +3 против Србија, но на полувреме губи 13:15. Селекторот Лазаров имаше забелешки за играта на Мартин Серафимов. Инаку мечот се игра за бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Автогол на Гибралтарците во Скопје кој те тера да се подзамислиш

Македонскиот првак Шкупи со 3:0 го отвори квалификацискиот циклус за ЛШ. За противник го имаа Линколн Ред Импс од Гибралтар, кој сам го постави конечниот резултат. Стрелец Рој Чиполина кој ја пласираше во стилот на Алекс Дел Пјеро, ама во погрешна мрежа.