Дончиќ зајде од бунење и пцуење

Лука Дончиќ ја призна вината за елиминацијата на Словенија и изјави дека ја презема одговорноста за поразот. И покрај лошото судење на ова првенство, сепак претера со односот кон судиите кои синоќа ги пцуеше како кочијаш.

Дончиќ не одбираше зборови кога им се обраќаше на судиите на Европското првенство и како да не е свесен дека како голема НБА ѕвезда си го руши угледот.

На 3 минути до крајот против Полска кога Словенците имаа активен резултат и губеа само 4 поени разлика, Лука направи петта лична грешка и бесен на клупата го рокна шишето од земја.

На 8 секунди до крај, Словенија имаше напад кој лошо го организираше, а со тројка ќе се избореше за продолженија.

Дончиќ бараше фаул и сочно го пцуеше судијата до таа мера што го изиритира и коментаторот кој не издржа да не го искритикува.

15 септември 2022 - 11:28