Манчестер Сити, Ренџерс и Челси играа во средата вечер, но на нивните натпревари имаше едноминутен молк за починатата британска кралица, и химната на Лига на шампиони.
Навивачите на Ренџерс, кои важат за тврди унионисти и блиски до концептот на Велика Британија, со кореографија со британско знаме и ликот на кралицата го одбележија мечот со Наполи а цел стадион „Ајброкс“ ја испеа британската химна.
Инаку британската химна во меѓувреме е преименувана во „Боже, спаси го кралот“ од досегашната „Боже, спаси ја кралицата“. По едноминутен молк на стадионот на Ренџерс од разглас беше пуштена само музиката од химната а навивачите сите во ист глас ја испејаа.
Rangers supporters defy UEFA and sing the national anthem at Ibrox last night 🇬🇧 #GSTK pic.twitter.com/Uyhs6NAdDR
— JK (@WesterlyGael) September 15, 2022
— charlie mccan loyal (@golfandrangers) September 14, 2022
Во исто време, навивачите на Селтик од Глазгов, кој важат за тврди ривали на Ренџерс и големи противници на идејата за Велика Британија, на гостувањето кај Шахтјор Доњецк во Полска (поради воениот конфликт во Украина), истакнаа црна парола со натпис FUCK THE CROWN.