Жалната судбина на номадскиот клуб Шахтор Доњецк кој со свои деца веќе освои 4 бода во Лига на шампиони

Украинскиот гигант и повеќекратен шампион на оваа земја, Шахтјор Доњецк, во средата освои драгоцен бод на мечот против шкотски Селтик, одигран илјаднници километри далеку од нивниот дом, во Полска.

Шахтјор Доњецк своите домашни натпревари ги игра во Полска, во Варшава поради воениот конфликт во Украина. „Рударите“ кои во своите витрини имаат и трофеј од еврокуповите и важат за еден од најредовните учесници на Лига на шампиони и Лига Европа, се договориле со полскиот клуб Легија Варшава трите „домашни“ натпревари да ги играат на нивниот стадион.

За разлика од претходните 10 и повеќе сезони, клубот веќе не е сигурна куќа за бразилски, аргентински и африкански фудбалери кои кога им се пружи прва прилика од ФИФА, раскинаа договор и заминаа во други првенства. Сега се посветени само на свои млади таленти.

Главна ѕвезда на денешниот Шахтјор е мадиот 21-годишен Михајло Мудрик кој во Лига на шампиони на 2 меча веќе има 2 гола и 2 асистенции и е меѓу најдобро рангираните фудбалери.

Шахтјор Доњецк сезоната ја почна претежно со домашни млади играчи, што од сопствената школа, што по трансфери од други украински клубови.

Врвни украински таленти како Георгиј Судаков (20), Олександр Зубков (26), Артем Бондаренко (22), Мариан Швед (26), Валериј Бондар (23), Јухим Конопља (23), Анатолиј Трубин (21), Микола Матвијенко (26) веќе прават одлични резултати во Европа и се право, големо изненадување во Лига на шампиони.

Во Полска од почетокот на воениот судир во Украина, се пристигнати повеќе од два милиони бегалци.

После две кола во Лига на шампиони, Шахтјор во групата Ф има четири бода и е зад Реал Мадрид. Минатата недела „рударите“ од Доњецк го декласираа РБ Лајпциг со 1-4 на гости и практично му потпишаа отказ на германскиот тренер Доменико Тедеско.

На Шахтјор не му е непознато да игра далеку од дома. Целата клупска структура, стручен штаб, управа, фудбалери и се останато редовно се селеше во последниве години од 2014-та кога започнаа судири меѓу украинските и проруските сили во регионот на Доњецк. А само неколку години претходно Шахтјор го отвори прекрасниот стадион, ултра модерна Арена која подоцна беше неколку пати погодена од гранати.

Шахтјор по избувнувањето на конфликтот во 2014-та се преселија од Доњецк во Лвов, а потоа во Харков и на крај во Киев каде минатиот месец го одиграа првиот меч од новата сезона во украинската лига.

Составот на Шахтјор Доњец е исто така видно, драстично изменет. ФИФА пролетва донесе крајно дискутабилна и некоректна одлука според која сите фудбалери и вработени во Шахтјор Доњецк кои имаат договор до јуни 2023-та имаат легитимно право да добијат раскин на договорот и како бесплатни агенти да си бараат нови клубови.

Познат како дом за многу врвни бразилски, аргентински, африкански фудбалери, Шахтјор не можеше да поверува што го снајде и упати жалба до Спортскиот суд за арбитража во Лозана. Објавија дека изгубиле стотици милиони поради оваа нефер одлука на ФИФА зошто многу играчи под договор им заминале без платен трансфер од друг клуб.

16 септември 2022 - 11:16