Ги изгубивме дресовите и опремата, вие ќе ни дадете маици па ќе лепиме амблем

Пред мечот во Лига Конференции меѓу романскиот клуб Клуж и турскиот Сиваспор, гостите слетале во Романија и по кратко време сфатиле дека на аеродром го изгубиле целиот багаж опрема за фудбалерите и стручниот штаб. Немале резервна опрема, а до мечот имало само неколку часа.

Турски Сиваспор кој е опремен од глава до пети со модниот бренд од Турција Tony Montana (не продава опрема надвор од земјата), морал да бара чаре зошто мечот со Клуж се ближел а тие немале што да облечат.

Подоцна се снашле, односно побарале од домаќинот да им помогне. Добиле бели маици Најк на кои го залепиле нивниот грб и отишле да играат со Клуж.

Единствено голманот Али Вурал кој за секој случај секаде си носел своја резервна опрема, бил облечен во клупскиот дрес, шорцеви, штуцни.

Во текот на мечот амблемот од маиците им се одлепувал но издржале до крајот, а што е уште поважно за нив и победија 0-1 со голот на 34-годишниот Макс Градел од пенал.

 

После натпреварот Сиваспор срдечно му заблагодарил на ЧФР Клуж за гостопримство.

16 септември 2022 - 14:52