На врвот на најновото рангирање на УЕФА и натаму се петте најјаки европски лиги од Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција.
Англичаните се први со 91.570 поени, а Германците со рекордни 8 претставници во трите клупски натпреварувања.
Надолу подобро човек да не скрола, бидејќи Македонија ќе ја најде трета од позади со бедни 5.500 поени.
Зад нас се само Андора, Црна Гора и Сан Марино, а пред нас еден Гибралтар и земји како Албанија, Естонија, Фарски Острови, Луксембург, Лихтенштајн, Косово...
Македонскиот клупски фудбал се повеќе тоне на ранг листата на УЕФА поради слабите резултатите на нашите клубови во еврокуповите, а тоа ќе значи дека наместо четири во иднина ќе имаме три екипи во Европа.
Единствениот успех во групна фаза останува оној историскиот на Вардар кој во 2017-та играше во Лига Европа.
Спремни?