Италијанскиот селектор пак направи шоу

Италија може да биде задоволна од настапот на Евробаскетот зошто стигна до 1/4 финалето но може да жали за огромната шанса за пласман во големото полуфинале откако во финишот имаа можност да ја соборат Франција на колена.

Италија испадна од Евробаскетот со пораз од Франузите иако аѕурите имаа две слободни фрлања при водство 77:75 на само 16 секунди пред крај. Симоне Фонтекио ги промаши и двете, на другата страна Томас Уертел рутински погоди  а Фонтекио во последниот напад за Италија повторно промаши шут за победа и стана трагичар.

Интересна сцена видовме после мечот кога крајно симпатичниот селектор Џанмарко Поцеко трчаше по еден од судиите во подтрибинскиот простор. Го барал српскиот судија Александар Глишиќ и кога сите мислеа дека го бркал да му се жали за судењто, Поцеко појаснил:

„Што ќе ви е видео технологија? Само за на некој да му дадете уште една плата? Зошто не користите видео? Зошто не сакаше да се ракува со мене после мечот“, рекол селекторот на Италија.

На прес-конференција после мечот тој барал од новинарите да го напишат тоа што го виделе на паркетот и да го пофалат неговиот тим за се што покажа на Евробаскетот.

Квизот со кој Поцеко ги мотивирал Италијанците пред дуелот со Србија

15 септември 2022 - 10:59