Offside

Британскиот спринтер Ромел Глејв (26) е нов европски шампион откако славеше на трката на 100 метри на Европското првенство во Бирмингем. Пред домашната публика Глејв стигна до златниот медал што е негов најголем успех во кариерата. Трката ја одбележа и повреда на големиот фаворит за злато Ламонт Марсел Џејкобс од Италија.

Манчестер Јунајтед со и без Роналдо

После овие податоци, прашање е дали воопшто им треба во тим. Без него повеќе трчаат и повеќе победуваат. Тогаш чуму 37 годишен напаѓач да држи место, кој патем не е ниту во форма, а цица од буџетот грдни пари? Инаку сезонава има 12 настапи и 2 гола.

Реставрација на едно старо фудбалче

Од една ера пред мобилни телефони кога занимацијата имаше друго име. Ликот решава да го реставрира старото фудбалче на табла. Импресивно.

Јака изјава на Вестрбук кој немаше ќорав поен против градскиот ривал

Лејкерски го загубија и вториот меч во новата НБА сезона, овој пат од Клиперси со 103:97. Хит број 1 е кусото видео со Расел Вестрбук кој вели дека бил солиден и одиграл жестоко, а личниот скор му е 0 поени од 11 обиди.

Кога нема да наместиш жив ѕид, го имаш кандидатот за гол на сезоната во Ла Лига

На фудбалерите на Жирона изгледа дека мечот против Алмерија кој го загубија со 3:2, ќе им биде лекција веќе никогаш да не го потценат противникот кога изведува слободен удар. Дами и господа, ви го претставуваме Адри Ембарба од Алмерија, од 34 метри.

Кога Мохамед Али се правел недоветен за да избегне војна во Виетнам па му дале 5 години затвор за тоа

Голем активист на анти-воените мирољубиви движења и демонстрации во САД, боксерот морал неколку пати да се појавува на суд за тоа што одбивал „да пука во Виетнамци кои никогаш ништо лошо не ми направиле“.

Кога Роберто Баџо ќе вози позади тебе

Еден голем обожавател на легендарниот Роберто Баџо бил пресреќен кога го начекал „малиот Буда“ случајно па пат. Му побарал да му се потпише на неговата Фиат Панда.

Големото срце на Немања Видиќ

Легендарниот српски стопер кој направи блескава кариера во дресот на Манчестер Јунајтед со 300 настапи и 15 трофеи, умее да игра многу добро и надвор од теренот и тоа доста човечно.

Халк Банка со колективна игра дојде до сигурна победа над Гранит

Аџибадем Систина и Халк Банка беа убедливи во затворањето на 5. коло од Бизнис лигата на Македонија. Триумф забележа и Окта.

Најголемиот патник во НБА, сменил 13 екипи за 12 години

Денвер Нагетс и покрај сјајната партија на Никола Јокиќ, со пораз од Јута Џез 123:102 ја отвори новата сезона 2022/2023 во НБА. Џезерите летово ја распродадоа цела екипа и решија да играат со клинци, но муабетот ни е нешто друго.

Златан да не седне позади тебе

Додека го следеле големото дерби Милан - Јувентус од ложата, на Салемакерс и Лазетиќ им се паднало позади нив да седи Злтан Ибрахимовиќ. И ги осетија на своја кожа сите негови бурни реакции додека гледаше што се случува на терен. Како деца да му се.

Деки Станковиќ се израдува на прва победа со Сампдорија после 22 пенали

Довчерашниот стратег на Црвена Ѕвезда, како тренер во Италија дебитираше со 1:1 во Болоња, па загуби дома од Рома. Стигна првата победа, ама во Купот после голема драма во продолженијата.

Што е работата со Кристијано Роналдо?

Во најдобриот меч на Манчестер Јунајтед во последните неколку години и идеална партија откако тренерот Тен Хаг седна на клупата, Кристијано Роналдо предизвика голема бура со тоа што самостојно реши да си отиде во соблекувални и надвор од стадион додека мечот уште траел.

Барса ја потопи Жолтата подморница со 3 гола за 7 минути, Левандовски извонреден

Убави се ваквите клипови, сакаме вакви. После прекрасниот материјал на Реал Мадрид, со иста мера одговори и Барселона.

Абе какво нафрлање од корнер во шеснаесетник, барај го одма Подолски

Лукас го има уште, не е во пензија. Легендарниот напаѓач со 130 настапи и 49 гола за Германија, има 37 години и игра за Гурник Забже од Полска. За него велат: Повеќето луѓе имаат лево стапало, Подолски има чекан.

Роналдо се огласи за аматерскиот потег, ама не се извини

Манчестер Јунајтед го доби дербито против Тотенхем со 2:0. Роналдо не беше дел од тимот и додека се играше 90-та минута, демонстративно стана од клупата за резерви и си замина. Вели мора да стоиме обединети, а како да не сака да признае дека погрешил.

Од млад ветувачки талент до новиот Џерард: Како Валверде стана Валверде?

Уругвајскиот играч за врска се повеќе се истакнува на Бернабеу, благодарение на одличниот старт сезоната. Погоди на дербито против Атлетико и на Ел Класико. Додека Реал почнува да ги гради темелите за средниот ред на иднината, Анчелоти отиде со многу јака споредба за еден од своите ученици.

Лео за стравовите пред Светско првенство

На точно 1 месец до почетокот на големиот Мундијал во Катар, а во ситуација кога Пауло Дибала и Анхел Ди Марија се неизвесни поради незгодни повреди, Меси призна дека нема фудбалер кој не размислува на тоа.

Ван Дајк копал дупка пред Вест Хем да промаши пенал

Во меѓунеделното коло во англиската Премиер лига, Ливерпул со голот на Дарвин Нуњез во 22’ минута го совлада Вест Хем со 1-0. Но резултатот можеше да биде поинаков ако во 45’ минута на неколку секунди пред крајот од првиот дел, најдобриот играч на „чеканите“ Џарод Боуен не промашеше пенал, поточно Алисон му го одбрани. Ама чек да видите што направи Ван Дајк пред пеналот.

Голманот јунак на Ваљадолид кој одбрани два пенали по ред

Реал Ваљадолид, клубот чиј сопственик е легендарниот Бразилец Роналдо, во шпанска Ла Лига после 10 одиграни кола има учинок од 3 победи, 2 нерешени и 5 порази. Синоќа целиот бес од слаби резултати го истурија врз Селта Виго и ја победија 4-1. Јунак на вечерта беше голманот Жорди Масип (33) кој одбрани два пенали еден по друг и тоа на расниот стрелец Јаго Аспас.

Време е малку навивачите на Манчестер Јунајтед да пукаат сеир

Ликов е комедии и ни се чини дека го имавме еднаш на сајт, ама и да е така моравме пак да го објавиме после победата на Манчестер над Тотенхем од 2:0.  На него со право се навраќаат на Твитер профилот на навивачите „The United Stand“ кој брои 1,5 следбеници.

 

Американец со двe раце залепи на постер кошаркар на Пелистер

Кошаркарите на Пелистер со две победи против ТФТ и Шенчур ја стартуваа сезоната во АБА 2 лигата. Ако треба да се избере број 1 потег од средбите во Златибор, тоа без конкуренција е ѕверското забивање на Лукас Валфорд од Шенчур, фејс то фејс врз Иван Сапунџиев.

Домашната колекција-музеј на дресови во домот на Дејан Савичевиќ

Дејан Савичевиќ, познат како Дејо-геније беше лидер на екипата на Црвена звезда која во 1991-ва го освои КЕШ, денешна Лига на шампиони која подоцна во 1994-та ја освои со Милан и тоа како главен јунак во епскиот триумф над Барселона од 4:0. Во повеќе од 20 години активна кариера, Дејан собрал неверојатна колекција дресови од многу играчи со кои и против кои играл.

Сите прекрасни фудбалски реклами на Пепси како носталгија од некое поубаво време

Гигантската компанија реши да сними рекламен спот во пресрет на Светско првенство 2022 во Катар и ја наврати јавноста на почетокот на 2000-те години кога имаа хит реклами со најдобрите фудбалери од тоа време.

Евра јадеше од тревата на Олд Трафорд, Анри му се смееше

Легендарниот француски бек со 379 настапи за Јунајтед и освојувач на 5 титули во Премиер лига и една во Лига на шампиони, се потсети на вкусот на својот дом во кој беше во периодот 2005-2014.