Најчудно исклучување во кариерата на Стеф Кари

Супер интересен дуел одиграа синоќа Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис. Во еден момент во финишот од мечот судијата го исфрли Стеф Кари од игра поради тоа што во нервоза поради промашен чист кош на неговиот соиграч Џордан Пул силно ја фрли заштитната протеза на паркет. Потоа на 2,6 секунди до крајот при резултат 120:120, Џордан Пул дава кош за победа 122:120 и го зафркава Кари во подтрибинскиот простор.

Во долниот десен агол од видеото се гледа Кари како ја фрла заштитната протеза:

Пул за победа на самиот крај:

Џордан Пул го трола Кари под трибините:

Кари го заврши мечот со 34 поени, 2 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки. Џордан Пул на крајот запиша вкупно 21 поен, 5 скока и 7 асистенции.

26 јануари 2023 - 12:24