Осимен си поигра со топката во шеснаесетникот на Рома
Со триумфот над Рома од 2:1, Наполи со +13 пред вториот, ита кон титулата за која сонува 33 години, а за стрелец број 1 сезонава се наметнува 70 милионската инвестиција од Лил, Виктор Осимен. Нигериецот е прв со фантастични 14 гола на 16 средби. Ова му е дефинитивно еден од најубавите голови откако летото 2020-та пристигна на Сан Паоло.