Супер мадридско дерби, продолженија и пресврт на Реал над Атлетико

Во големото дерби на Мадрид, во рамки на 1/4 финале на шпанскиот Копа дел Реј, Реал на својот „Сантијаго Бернабеу“ прв прими гол, но подоцна израмни и се избори за продолженија и на крај го скрши Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид поведе прв со голот на Алваро Мората во 19’ минута после една убава акција и од тој момент буквално до 80-та минута тимот на Симеоне ја чуваше предноста.

Но Бразилецот Родриго кој влезе од клупа за резерви постигна фантастичен гол за израмнување. Соло продор кој ќе се памети долго:

Мечот отиде во продолженија, а таму подобро се снајде домаќинот кој имаше и играч повеќе откако црвен картон во 99-та минута од продолженијата доби Стефан Савиќ, па со головите на Карим Бензема во 103-та минута и Винисиус Жуниор во 120+1’ го решија дуелот.

Реал со овој триумф е последен патник во полуфинале на шпанскиот Куп каде се пласираа уште и Барселона (1:0 против Реал Сосиедад), Атлетик Билбао (1:3 победа во Валенсија и Осасуна која ја совлада Севиља 2-1.

Атлетико Мадрид нема триумф на „Сантијаго Бернабеу“ од 2016-та година, тогаш тимот предводен од Симеоне славеше 0:1 со гол на Гризман. Ова беше тогаш прв пораз на Зинедин Зидан. „Јорганџиите“ немаа ниту дадено гол на гости кај ривалот уште од 2018-та, па овој на Мората беше прв од тогаш.

Интересно, од друга страна Реал Мадрид мака мачи во завршницата од Копа дел Реј затоа што во ХХI век има само 2 титули, а последната уште во 2014-та година. Последен пат во полуфинале стигнаа во 2018/2019 и таму испаднаа од Барселона. Од тогаш не поминуваа четвртфинале а еднаш дури и испаднаа во 1/32 финале.

27 јануари 2023 - 09:59