Интересен гол на Ристовски за Динамо

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација на одличен начин ја стартуваше втората полусезона во хрватската лига откако беше стрелец во победата на Динамо над Локомотива Загреб. Рики погоди во 59' минута откако прво негов шут со глава заврши во пречката а тој беше најспретен на одбиената топка за водство од 1-0.

Ова е 14-та победа за тимот на Анте Чачиќ кој минува низ сериозни поделби во управата каде две струи се обидуваат да го тргнат Здравко Мамиќ од Динамо Загреб.

Аријан Адеми и Ристовски ги одиграа сите 90 минути на мечот на „Максимир“, а модрите сега имаат 45 бода на првото место, дури седум повеќе од главниот ривал Хајдук.

28 јануари 2023 - 21:21