Бразилската фудбалска федерација донела одлука да го казни Атлетико Параненсе но во исто време допуштила на стадионот да влезат деца и жени. Иако картата била бесплатна, за возврат секој требал да донесе 1 килограм конзервирана храна која подоцна била делена во хуманитарни цели.
И ова решение било полн погодок за сите. Арената на Параненсе која собира 42.000 гледачи ја пополниле до последно место жени и деца.
Ова велат во Бразил бил уникатен пример кој во Европа се практикува веќе долги години (УЕФА на казнетите клубови им дозволува влез на деца). Најнеобичен меч во животот на фудбалерите на Параненсе кој имаа интересна поддршка.
📲🌪️ Chegou notificação com os bastidores do jogo histórico de ontem!
— Athletico Paranaense (@AthleticoPR) January 26, 2023
Vem com a gente: https://t.co/0ZpEwF3yRq #Athletico pic.twitter.com/yAirltwefL😍 Não canso de assistir! #Athletico pic.twitter.com/yzML2u3R2S
— Athletico Paranaense (@AthleticoPR) January 26, 2023
Атлетико Параненсе на крајот славел победа од 3-1 над Фоз до Игуачу во рамки од првенството Параненсе, еден од бразилските предсезонски шампионати. Параненсе е убедливо прв во ова првенство со 4 победи после 4 кола со гол разлика 10:2.
🎥⚽️ Aquela câmera exclusiva pra curtir os 3 gols contra o Foz! #Athletico pic.twitter.com/OrUTVPs5VP
— Athletico Paranaense (@AthleticoPR) January 26, 2023