„Убеден сум дека колку потешко детство сте имале и со колку поголеми тешкотии и битки сте се соочиле, ќе станете посилни. Јас и Стефанос сме доказ за тоа. Не му дозволувајте на никој да ви ги одземе соништата. И само еден човек да ви даде поддршка, најдете го тој човек и сонувајте високо, бидејќи можете да успеете“.
Најдобриот тенисер во светот вели дека тој и Циципас доаѓаат од мали земји без тениска традиција и немале врвни тенисери од кои можеле да се инпирираат.