Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Ван Гал со отворена понуда до жена му на 71 година

Холандскиот легендарен тренер Луи Ван Гал им дозволил на играчите да се гледаат со своите роднини, пријатели, сопруги, семејства. Во Катар е и неговата сопруга на која по денешниот тренинг отворено ѝ рекол: „Можеш да дојдеш и до хотел, кај мене во соба, да се ........“.

Саудијците во транс го имитираа Роналдо и скандира: Каде си Меси?

Саудиска Арабија ја победи Аргентина во првото коло на Светско и ѝ го нанесе првиот пораз после 36 средби. Навивачите имаат потполно право да слават после овој сензационален резултат кој го остварија со пресврт.

Страшната серија на Аргентина пред арапскиот срам

Пазете го ова. Аргентина беше во серија од 36 натпревари без пораз. Последен пат загубиле од Бразил во јули 2019-та. Само втор пат во историјата на Мундијалите губат меч после водство на полувреме. Првиот пат им се случило пред 92 години.

Аргентина vs Саудиска Арабија на нафрлени топки

Во прво полувреме ги упецаа со офсајд замки, во второ Аргентинците и покрај тоа што немаат високи напаѓачи, беа сивоњи и упорно и очајно се обидуваа да го избегаат срамот со нафрлени. Резултатот:

Кој е Ерве Ренар - творецот на најголемата сензација на Светското 2022 со Саудиска Арабија

Репрезентацијата на Саудиска Арабија на секое учество на Светски првенства беше сметана за аутсајдер без никакви шанси да пројде група. Но во Катар го направија најголемото чудо - ја урнаа Аргентина на големиот Меси.

Мундијалска сензација, Саудиска Арабија со пресврт ја фрли Аргентина на колена

На петтиот натпревар во Катар се случи лудорија од резултат од кој настрадаа Меси и другарите. Саудиска Арабија која губеше 1:0 на полувреме, во рок од 5 минути направи лудачки пресврт и ја победи Аргентина. Гаучосите дадоа уште три гола во прво, ама им ги поништија.

Аргентина и даде четири гола на Саудиска Арабија во прво полувреме, три и поништија

Со голот од пенал после 10 минути игра, Лео Меси стана прв Аргентинец во историјата кој постигнал гол на четири Мундијали. Батистута и Марадона имаат дадено на три. 

Асадо - страст поради која Аргентина и Уругвај на Светско донеле 3,5 тони месо

Аргентинците и Уругвајците важат за едно од најголемите љубители на месо на светот. За да на Светското првенство во Катар овие репрезентации се чуствуваат како дома, понеле со себе тони месо.

Лукоил супериорен во дуелот со ЈП Дрисла

Во првиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил беше немилосрден против ЈП Дрисла, A1 славеше против Гранит, а Ван Хоол и ЈСП си ги поделија бодовите.

Нова наградна игра на MOZZART – „Наплати го најголемото промашување“!

Колку пати имате „паднато“ за само еден пар? Тој проклет тикет сакате да го згужвате, запалите, изедете, исецкате... Сешто ви паѓа на памет во тој момент, бидејќи се работи само за еден пар...

Експериментот во Катар: Зошто судиите даваат толку долги продолженија?

Откако ФИФА им кажа на Англичаните, Холанѓаните и Белгијците дека ќе дава жолт картон на секој оној кој ќе носи капитенска лента во боите на виножитото па си подвија опашка и се повлекоа од борба за идеалите, сега тема број 1 по социјалните мрежи се невообичаено долгите судиски продолженија.

Прославата на Грилиш му била ветена на дете со церебрална парализа

Англија беше немилосрдна на првиот меч на Мундијалот и го победи Иран со 6:2. Еден од стрелците беше Џек Грилиш кој му исполни ветување на еден млад фан.

Роналдо го нацрта Пепе и се откорна од смеење

Првото коло од Мундијалот, Португалците го играат последни во четврток, а тоа им дава доволно време малку и за разонода и релаксација. Репрезентативците добија задача да нацртаат по еден соиграч. Роналдо го нацрта Пепе и прсна од смеење.

Холандскиот селектор и на 71 година ја води репрезентацијата, некогаш и во количка

Легендарниот холандски стратег Луи ван Гал ја води својата земја на второ Светско првенство во кариерата. Првиот пат во 2014-та на Холандија и подари прекрасна победа над силната Шпанија од 1:5 со еврогол на Ван Перси. Холанѓаните тогаш стигнаа до трето место и бронза, сега имаат иста цел.

Во лов на пиво, англиски навивачи завршија кај шеик на гости

Во Катар и не е така тешко да стигнеш до алкохол, само треба да налеташ на правите луѓе. Англичани запознале син на локален шеик кој ги однел во палатата на дружење и пиење. Се воодушевиле од целиот третмат, а им покажале и лавови, мајмуни и егзотични птици.

14+ минути продолжение поради тешката повреда на голманот на Иран

Во воведните минути од дуелот од 1. коло во групата Б меѓу Англија и Иран, голманот и стоперот на азискиот состав Алиреза Беираванд и Маџид Хосеини се судрија жестоко после што голманот не можеше да го продолжи мечот. Десетина минути траеше прекинот, Беираванд проба да продолжи па сфати дека не може. Главниот судија го продолжи првиот дел за цели 14 минути. Англија на крајот победи со убедливи 6:2.

Јапонската култура стаса во Катар уште првиот ден

На отворањето играа Катар и Еквадор. Многумина го напуштија стадионот, ама малкумина останаа за да си го запазат редот, а тоа се јапонските навивачи, кои каде и да одат се познати по своето педантно чистење на трибините.

Хрватска има навивачки химни да се наежиш, Србија не баш

Хрватскиот музички пазар отсекогаш важел за конзервативен, не може таму секоја шуша што ќе му текне да излезе на јавна сцена. Како производ на тоа се и навивачките химни. Додека во Србија снимаше кој и што ќе му текне за Светското, во Хрватска таа улога ја имаа момците од Zaprešić Boys кои развалуваат пред секое Европско и Светско.

Водителка покрадена во Катар, полицијата ја прашала да бира казна

Аргентинската новинарка Доминик Мецгер која известува од Катар, за време на едно јавување била изџепарошена од лопови, па се пожалила кај катарската полиција.

Ембид со најтешкиот фаул сезонава над Јанис кој топ не го бие

Филаделфија ’76-ерс со 110-102 го совлада Милвоки Бакс во меч во кој издоминираа главните играчи на двата тима Жоел Ембид кај Сиксерси со 32 поени, 11 скока и 8 асистенции и Јанис Антедокумбо (25, 14, 6). Во еден момент Камерунецот намерно го удри Гркот но овој како ништо да не било го продолжи нападот.

Колапсот на Македонија која после Палермо го победи само Гибралтар

Треба да има одмазда за репрезентацијата која со сопствено оружје повторно ја прати Италија во фудбалскиот пекол? Воопшто не. Тоа е жалење кое се зголемува, се зголемува, се зголемува. Евентуален пораз од Кристијано Роналдо ќе имаше малку помал горчлив вкус, пишува Goal.com.