Жозе Мурињо е суспендиран за натпреварите против Јувентус и Сасуоло откако доби црвен картон поради приговор на мечот против Кремонезе, на кој Рома киксираше и загуби со 2:1.
Тој влезе во голема расправија со четвртиот судија и по мечот изјави дека така реагирал со причина и дека судијата е лажго.
Според реконструкцијата на видеото, четвртиот судија Марко Сера на Мурињо му рекол „Сите се заебаваат со тебе, оди си дома“, пишува италијанскииот новинар Маурицио Пистоки, кој вели дека федералното обвинителство има должност да отвори истрага за да се утврди вистината.
Secondo la ricostruzione-video, il 4^uomo, #Serra , avrebbe detto a #JMourinho “Ti prendono per il culo tutti, vai a casa” La Procura Federale , che ha inviati su ogni campo, ha il dovere morale di aprire una inchiesta per accertare la verità pic.twitter.com/LtqSmGgs4i
— Maurizio Pistocchi (@pisto_gol) March 1, 2023
Газета дело Спорт пишува дека во наредните денови ќе бидат сослушани и Мурињо и четвртиот судија.
Инаку инцидетот се случи по контактот меѓу Кумбула и Саџу по кој Мурињо барал објаснување, а Сера прво му рекол на Мурињо да си ја гледа својата работа.
Додека се расветлува овој случај, Мурињо успеа да се најде во весниците и со нови циркузи кои ги правел, замислете на дербито Рома - Лацио за играчи до 14 години.
Кога играч на Лацио се местел да шутира пенал, тој му дофрлувал за да го деконцентрира, а играчите на Рома ги учел како да глумат повреди за да задржуваат време.
Тренерот на Лацио му вратил дека однесувањето не му е во ред на што Мурињо возвратил со насмевка.
Lazio are unhappy with José Mourinho's conduct in the U14s Rome derby [@ilmessaggeroit].
— IM🇵🇹 (@Iconic_Mourinho) March 2, 2023
Mourinho reportedly booed a Lazio player when was taking a penalty and told the young Roma players to waste time towards the end of the game.
One of the most Mourinho things ever😂 pic.twitter.com/0M4L5FQlHl